
Геронтофилија – патологија или ерос / Од аспектот на релации помеѓу семејната кохезија и разликите во возраста на сопружниците
Citation APA 7:
Здравкова, С. (2021). Геронтофилија – патологија или ерос / Од аспектот на релации помеѓу семејната кохезија и разликите во возраста на сопружниците [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Здравкова, С., 2021. Геронтофилија – патологија или ерос / Од аспектот на релации помеѓу семејната кохезија и разликите во возраста на сопружниците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.09.2021 |
Citation APA 7:
Здравкова, С. (2021). Геронтофилија – патологија или ерос / Од аспектот на релации помеѓу семејната кохезија и разликите во возраста на сопружниците [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Здравкова, С., 2021. Геронтофилија – патологија или ерос / Од аспектот на релации помеѓу семејната кохезија и разликите во возраста на сопружниците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Интимниот човеков живот во постмодерното време станува пикантерија за
жолтиот печат. Сите сочни теми, меѓу кои и сексуалните определби, девијации и фетиши,
се „јадат за појадок“. Црквата, од своја страна, го цензурира либерализмот како преголема
слобода, која се дрзнува да влезе во интимниот сексуален свет, анатемисан од црковните
догми.
Но современиот човек е сведок на сѐ поголеми дискрепанции во сфаќањето на
различни појави, релации, мислења итн. Една од тие појави е геронтофилијата, за која сѐ
повеќе се зборува. Постојат различни сфаќања за прикажаниот феномен, кои се граничат
од ерос до патологија. Геронтофилијата може да биде разгледувана од различни аспекти –
како ја разбираат и ја вреднуваат младите, како повозрасните луѓе, каков е ставот на
различните верски групи, мислења од урбаното наспроти руралното население или што се
случува во брачните заедници оформени од млади и повозрасни лица.
Во овој магистерски труд се оди уште подлабоко во расветлувањето на голем број
аспекти на поимот геронтофилија. Се настојува да се согледаат релациите меѓу семејната
кохезија и статусот на семејствата каде што еден од партнерите е мошне постар од
другиот.
Цел на истражувањето беше потрага по одговор на прашањето како феноменот
геронтофилија функционира во мал град, кој со себе си носи свои предрасуди и
конзерватизам.
Примерокот што се користи е направен по случаен избор. Случајниот примерок го
сочинуваат 64 лица (во брак) од различен пол, возраст, образовен профил, географско
потекло (рурална и градска средина), различна етничка припадност и разлика на годините
во брак. За да се потврдат основните тези посочени во планот на работа, беа формирани
две целни групи од вкупно 64 брака – 32 брака со 10 и повеќе години разлика меѓу
брачните партнери (либерални семејства) и 32 брака со разлика помала од 10 години меѓу
брачните партнери (традиционални семејства на градот Св. Николе).
Во истражувањето е употребен тестот на D.Olson и сор. FACES III – трета
4
ревидирана форма. Информацијата за бракови со 10 и повеќе години разлика меѓу
сопружниците е добиена со дозвола од матичната служба за оваа проблематика во градот
Св. Николе.
Од истражувањата во магистерскиот труд се потврди поставената хипотеза дека
традиционалните семејства се карактеризираат со поголема семејна кохезија за разлика од
либералните семејства
Keywords:
геронтологија, геронтофилија, парафилија, патологија, ерос, семејна
кохезија.
