
Функционалноста и значењето на одделението за управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи
Citation APA 7:
Јорданова, А. (2024). Функционалноста и значењето на одделението за управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович – Державин“.
Citation Harvard:
Јорданова, А., 2024. Функционалноста и значењето на одделението за управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович – Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 06.07.2024 |
Citation APA 7:
Јорданова, А. (2024). Функционалноста и значењето на одделението за управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович – Державин“.
Citation Harvard:
Јорданова, А., 2024. Функционалноста и значењето на одделението за управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович – Державин“.
Abstract
Магистерскиот труд со наслов: „Функционалноста и значењето на одделението за
управување со човечките ресурси во севкупниот развој на локалните самоуправи“, ги содржи
следниве интегрално поврзани делови: теоретски дел, методолошки дел и завршен дел (дискусија).
Во теоретскиот дел најпрво беше даден приказ на постојната состојба со критички осврт
на постојните одделенија за управување со човечки ресурси во анкетираните локални самоуправи
од централниот и источниот дел на РС Македонија, како и компаративните искуства во управување
со човечките ресурси од вкупно 11 развиени локални самоуправи во Европа и во нашиот регион.
Исто така, во овој дел се презентирани и примери на добра светска практика на развиени општини
од значење за управувањето со човечките ресурси од Франција, Германија, Австрија, Канада, и
САД. Во овој дел авторот на магистерскиот труд предлага и сопствена футуролошка визија со
вкупно 10 базични активности на одделението за управување со човечки ресурси во општините во
РС Македонија.
Во методолошкиот дел основната цел беше процена на ставовите на анкетираната целна
група за функциналноста и можното проширување на ОУЧР, како базичен носител во управување
со човечкиот интелектуален капитал во функција на севкупниот развој на анкетираните пет
локални самоуправи. Целната група опфати вкупно 112 испитаници и тоа: стручни соработници
во ОУЧР; стручни соработници во другите постојни одделенија на ЛС; стручни соработници во
Министерството за локална самоуправа на РСМ; постојните градоначалници во локалните
самоуправи во Свети Николе, Лозово, Велес, Штип и Виница. Во истражувањето со целната група
беа применети методолошките техники: Прашалник од затворен тип, Чек листи и Ликертови
скали на процена, и преку релевантна статистичка методологија, беше потврдена хипотетската
рамка.
Во завршниот дел, освен компаративната анализа од реализираното теренско истражување,
внесени се и битни препораки и футуролошки насоки и предлози за идните истражувачи; како и
сопствена футуролошка визија за идното можно проширување во рамки на ОУЧР, како базичен
стожер, силен мотиватор и реализатор на активности поврзани со постојниот интелектуален
човечки капитал во функција на севкупниот развој на локалните самоуправи во Република Северна
Македонија, преку:
1. Работен сектор за кадровски прашања и планирање на нов квалитетен компетентен
стручен кадар (според насоките на Европската повелба за локалната самоуправа);3
2. Работен сектор за процена на перформансите на вработените во локалната
самоуправа;
3. Работен сектор за проектни истражувања од витален интерес за развојот на
урбаните и руралните средини во рамки на локалната самоуправа;
4. Работен сектор за планирање, реализација и евалуација на квалитетот и ефектите на
стручните обуки;
5. Работен сектор за директна комуникација со граѓаните и медиумите во истражувања
на задоволството на корисниците од услугите на органите на локалната самоуправа.
Keywords:
локална самоуправа, Европска повелба за локалната самоуправа, Одделение за
управување со човечки ресурси, интелектуален човечки капитал, стручни соработници,
Министерство за локална самоуправа, градоначалници, примери на добра пракса, футуролошка
визија на ОУЧР.
