
Феноменологија и етиологија на кривичи дела кои како сторители се јавуваат нотарите во вршење на нивната дејност
Citation APA 7:
Коцевски, С. (2023). Феноменологија и етиологија на кривичи дела кои како сторители се јавуваат нотарите во вршење на нивната дејност [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Коцевски, С., 2023. Феноменологија и етиологија на кривичи дела кои како сторители се јавуваат нотарите во вршење на нивната дејност. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 07.07.2023 |
Citation APA 7:
Коцевски, С. (2023). Феноменологија и етиологија на кривичи дела кои како сторители се јавуваат нотарите во вршење на нивната дејност [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Коцевски, С., 2023. Феноменологија и етиологија на кривичи дела кои како сторители се јавуваат нотарите во вршење на нивната дејност. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Нотарската професија е една од најстарите правни професии, чии корени ги
наоѓаме во римското право и која има долга традиција и значајна улога за подобро
функционирање на правните системи во повеќе држави во светот. Во последно време,
голем број транзициски држави го имплементирале овој институт во нивниот правен
поредок, бидејќи овозможува брзо, ефикасно, непристрасно како на физичките, така и на
правните субјекти во една држава да ги извршуваат своите правни работи и обврски.
Придобивката со имплементацијата на овој институт е да се развијат правните
институции, актуелните случувања во законодавството и правосудниот систем во
современите држави.1
Една од претпоставките за добро функционирање на секоја модерна правна држава
е постоењето на нотарите, односно нотарската служба. Оваа служба има посебна улога во
спроведувањето и остварувањето на правниот поредок, бидејќи правниот поредок
понекогаш предвидува одредени правни форми, за кои нотарот е должен да ги осмисли и
реализира.2
Обезбедувањето на квалитетна правна заштита е причината поради која секоја
држава се стреми да го унапреди својот систем на правна заштита и континуирано да се
развива и да воведува што поповолни форми на давање правна заштита. Од тие причини,
воведувањето на нотаријатот во правниот систем на една држава треба да се смета како
дел од една стратешка реформа на правосудниот систем, чија цел е изградба на
функционален и ефикасен правосуден систем, заснован на европските правни стандарди.
Истовремено, правната сигурност што ја овозможува нотарската служба е еден од
основните услови за економски развој на земјата и за нејзин социјален напредок.
Keywords:
кривични дела, дејност, сторители.
