Факторот човечки ресурси во процесот на децентрализација за развој на локалната самоуправа

Citation APA 7:
Златановски, Д. (2020). Факторот човечки ресурси во процесот на децентрализација за развој на локалната самоуправа [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Златановски, Д., 2020. Факторот човечки ресурси во процесот на децентрализација за развој на локалната самоуправа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

14.07.2021

Citation APA 7:
Златановски, Д. (2020). Факторот човечки ресурси во процесот на децентрализација за развој на локалната самоуправа [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Златановски, Д., 2020. Факторот човечки ресурси во процесот на децентрализација за развој на локалната самоуправа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Локалната самоуправа е важна компонента на јавниот систем поврзана со целокупниот
друштвен развој и потребите на граѓаните, а човечките ресурси се едни од најважните
ресурси во неа, што претставуваат движечка и креативна сила и основата на нејзиниот
успех. Факторот човечки ресурси во исто време е механизам за формирање на
ефикасна, ефективна, отворена, отчетна, транспарентна и квалитетна јавна
администрација. Многу административни процеси, вклучувајќи ја децентрализацијата
и дерегулацијата, не можат да се постигнат без поддршка и промени во ставовите и
однесувањето на административниот персонал. Исто така, зголемената нестабилност
на опкружувањето во кое работи администрацијата бара поголема флексибилност на
нејзините структури, а управувањето со флексибилноста поставува нови побарувања за
човечките ресурси. Излегува дека успешното функционирање на системот и
спроведувањето на реформите сè повеќе зависат од функцијата на управување со
човечки ресурси во јавната администрација. Во овој магистерски труд главниот фокус
е насочен кон поимното разгледување на локалната самоправа, нејзиниот историски
развиток во светот, но и во националните граници, како и улогата на човечките ресурси
во спроведувањето на модернизацијата и децентрализацијата на јавната
администрација и изградбата на квалитетен систем на локалната самоуправа.

Keywords:

локална самоправа, човечки ресурси, јавна администрација,
децентрализација, демократија.