
Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина
Citation APA 7:
Стоилов, А. (2020). Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стоилов, А., 2020. Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.07.2020 |
Citation APA 7:
Стоилов, А. (2020). Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стоилов, А., 2020. Европскиот јавен обвинител – значење, оправданост и неговата иднина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Европското јавно обвинителство е институција на Европската унија која се
занимава со заштитата на финансиите на Унијата. Се формира со цел да се справи со
најразличните измами кои го оштетуваат буџетот на Унијата поврзани со даноците,
злоупотребата на фондовите и прекуграничните измами со ВАТ даноците од големи
размери. Овој труд објаснува кое е значењето на Европскиот јавен обвинител со
неговите надлежности, се даваат правните основи за неговото формирање и кои акти
упатуваат кон формирањето и работењето на оваа институција практично кои акти ја
уредуваат работата и надлежностите на Европскиот јавен обвинител и од каде извира
неговиот легитимитет. Исто така се анализира неговата хиерархија и организациона
поставеност како битен елемент при извршувањето на надлежностите. Задачата на овој
труд исто така е да ја објасни оправданоста за формирањето и потребата од оваа
институција, со тоа што ќе се анализираат различни модели на работа на Европскиот
јавен обвинител, дали тој подобро би работел во склоп со друга институција на Унијата
или пак самостојно, дали со широки овластувања или пак фокусот ќе биде само на
одредени овластувања; Дали треба да функционира со силна децентрализација или пак
неговото работење треба да се базира на централизирано ниво. Европското јавно
обвинителство без разлика на моделот на работење има перспективна иднина, во многу
наврати се докажува фактот од потребата од ваква институција. Статистиките јасно
покажуваат за нужноста за креирање на ваква институција, најразличните измами со
финансиите го оставаат буџетот со помалку средства од очекуваното, поради
недоволната контрола и слаб интерес на државите да се спротивстават на овој тип
криминал.
Keywords:
Европско јавно обвинителство, Европска унија,
