
Евалуација на ефективноста на психолошката поддршка и психо-социјалната помош на жени онколошки пациенти
Citation APA 7:
Андонова, Р. (2023). Евалуација на ефективноста на психолошката поддршка и психо-социјалната помош на жени онколошки пациенти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет.
Citation Harvard:
Андонова, Р., 2023. Евалуација на ефективноста на психолошката поддршка и психо-социјалната помош на жени онколошки пациенти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 06.07.2023 |
Citation APA 7:
Андонова, Р. (2023). Евалуација на ефективноста на психолошката поддршка и психо-социјалната помош на жени онколошки пациенти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет.
Citation Harvard:
Андонова, Р., 2023. Евалуација на ефективноста на психолошката поддршка и психо-социјалната помош на жени онколошки пациенти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет.
Abstract
Целта на ова истражување е да се направи евалуација на психосоцијалната помош и
поддршка, односно да се укаже на бенефитот од организирање и работа на групи за
давање на психсоцијална помош и поддршка.
Групата за психолошка помош и поддршка е организирана со цел учесниците да се
запознаат со психолошкиот аспект на малигната болест и механизмите за справување со
психолошките потешкотии, да се поврзат меѓусебно, да стекнат впечаток дека не се сами и
дека не се единствени кои се соочуваат со исти или слични потешкотии во процесот на
справување со болеста, да добијат и споделат информации и искуства ( психосоцијален
аспект) во една топла, сигурна и слободна средина.Групната психотерапија и
работилниците од овој тип допринесоа за промени во однос на ставот кон важноста од
зачувувањето и унапредувањето на менталното здравје, прифаќањето на емоционалните
реакции како прифатливи, „нормални“ и човечки и отвореноста кон психотерапијата.
Токму постоењето на Групата за психолошка помош и поддршка и согледувањето на
бенефитот од неа поттикна да се направи истражување за ефективноста од психолошката
помош и поддршка кај онколошки пациенти.
Испитаничките кои користат психосоцијална и психолошка поддршка добиваат
информации, емоционална поддршка, користат некои од експресивните техники, работат
на вештини и работат на себе и на надминување на емоционалните потешкотии.
Резултатите од ова истражување укажуваат на позитивното влијание од психолошката
помош и поддршка. Психолошката помош и поддршка во значајна мера влијае на
подобрување на нивото на општото ментално здравје и на намалување на последиците од
карциномот по однос на менталното здравје, односно влијае на намалување на стресот,
анксиозноста и депресијата и влијае за посттрауматски раст.
Keywords:
ментално здравје, психосоматика, психоонкологија, стрес, траума,
анксиозност, депресија, психолошка поддршка, психосоцијална помош
