Емоционална интелигенција, перцепција на стрес и справување со стрес кај работници од странски инвеститор во Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Митевска, Х. (2025). Емоционална интелигенција, перцепција на стрес и справување со стрес кај работници од странски инвеститор во Република Северна Македонија [Необјавена магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Митевска, Х. (2025) Емоционална интелигенција, перцепција на стрес и справување со стрес кај работници од странски инвеститор во Република Северна Македонија. Необјавена магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

25.03.2025

Citation APA 7:
Митевска, Х. (2025). Емоционална интелигенција, перцепција на стрес и справување со стрес кај работници од странски инвеститор во Република Северна Македонија [Необјавена магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Citation Harvard:
Митевска, Х. (2025) Емоционална интелигенција, перцепција на стрес и справување со стрес кај работници од странски инвеститор во Република Северна Македонија. Необјавена магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.

Abstract

EI е важен и значаен показател за успешност на поединецот во професионалниот,
во личниот и во социјалниот живот. EI е концепт кој се фокусира на способноста на
поединецот да ги препознава, да ги разбира и да управува со своите емоции, но и со
емоциите на другите. Таа е многу значаен фактор во психологијата на секоја една
организација, како и во управување со човечки ресурси, бидејќи позитивно влијае на
работната продуктивност, задоволството на вработените и нивната способност за
справување со стрес.
Вработените во компании со странски капитал честопати се изложени на
различни културни и организациски промени, кои можат да влијаат врз нивната
перцепција на стрес и начинот на кој се справуваат со него. Оттука потекнува идејата да
се истражи поврзаноста на EI со перцепција на стрес и со стратегии за справување со
стрес кај работници од странски инвеститор.
Резултатите од истражувањето покажаа дека EI е значаен фактор во управувањето
со стресот. Работниците со повисоко ниво на EI покажуваат пониско ниво на перципиран
стрес и користат поефективни стратегии за справување со него. Постојат различни
стратегии за справување со стрес во зависност од нивото на EI, односно лицата со висока
EI повеќе се фокусираат на стратегии насочени кон решавање на проблемите, додека
лицата со пониска EI почесто користат стратегии насочени кон емоциите или
избегнување на проблемот.
Токму поради ова, секоја компанија и организација треба во континуитет да
работи на подобрување на EI бидејќи тоа ќе влијае позитивно и на благосостојбата на
поединецот и на резултатите на компанијата.

Keywords:

eмоционална интелигенција, стрес, странски инвеститор