Електронско учење и негова примена

Citation APA 7:
Стефановски, П. (2020). Електронско учење и негова примена [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стефановски, П., 2020. Електронско учење и негова примена. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за информатика.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.05.2021

Citation APA 7:
Стефановски, П. (2020). Електронско учење и негова примена [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стефановски, П., 2020. Електронско учење и негова примена. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за информатика.

Abstract

Главната цел на платформите за е-учење е пред сѐ да се обезбеди
надополнување на традиционалниот начин на учење со ефикасни методи, да
се понудат или дадат решенија за даден проблем, да се обезбеди пристап до
ресурсите во кој било период од денот, а тој пристап до ресурсите исто така да
биде доволно брз. Една од попознатите платформи, која ги овозможува сите
овие работи, е Мудл. Целта на овој труд е да се понуди решениe со коe ќе се
подигне квалитетот на наставата во средното образование и ќе се надополни
традиционалниот начин на учење со поефикасни методи на учење преку
имплементација во средно образование со помош на системот за електронско
учење Мудл. Со примената на овој систем за електронско учење не само што
би се подобрил квалитетот на наставата, туку и би се елиминирале голем број
на проблеми со кои се соочуваат наставниците во реализацијата на наставните
планови, а учениците во усвојување на нови знаења и вештини. Понудата на
решение кое ќе го подобри и олесни начинот на учење и совладување на
наставната материја не смее и не треба да се сфати како замена на
традиционалниот начин на учење. За успешна примена на овој систем за
електронско учење, кој нуди решение и подобрување на традиционалниот
начин на настава, не е доволна само стучност од предметната област на
наставниот кадар, туку е потребна и информатичка писменост, потребна е
желба, мотивација и подготвеност за усовршување во користењето на нови
технологии, а со нивна помош ноаѓање начини да се мотивираат учениците, да
се привлече нивното внимание и да се зголеми нивниот интерес. За уште
поголема мотивација и поуспешна примена на Мудл платформата, во овој труд
е предложен модел со персонализиран пристап, кој лесно ќе се прилагоди на
потребите на секој од учениците, а со тоа и ќе се зголеми мотивацијата и
желбата за работа кај секој од нив.

Keywords:

персонализирани системи, е-учење, Мудл, примена на
ИКТ во образованието.