
Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Гарвански, В. (2021). Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Гарвански, В., 2021. Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.08.2021 |
Citation APA 7:
Гарвански, В. (2021). Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Гарвански, В., 2021. Електронска трговија – Состојби и перспективи за Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Информатичките и комуникациските технологии доведоа до поголеми
иновации во бизнис моделите и играат важна улога во конкурентноста и
продуктивноста на организациите. Интернетот донесе голема револуција во
модерниот свет. Го промени начинот на кој се одвива комуникацијата
меѓусебно, начинот на кој се трансмитираат информации, па дури и начинот на
кој се води бизнисот. Во денешно време, се повеќе и повеќе луѓе регистрираат
своја интернет продавница, а причината за тоа е многу јасна, дека со ниски
бариери за влез, а со глобални трансакции, далеку е полесно и поедноставно од
водење на физичка продавница. Во некое поминато време, доколку сте
планирале да отворите продавница, базата на клиенти би била ограничена на
оние во одреден радиус на таа продавница.
Електронскиот бизнис му нуди на клиентот и на продавачот нова форма на
меѓусебна комуникација и дава можност да се создадат и прошират нови пазари.
Теоретски студии сугерираат дека развојот на електронскиот бизнис резултира
со повисока ефикасност на организациите, како резултат на поедноставното
пребарување и полесното споредување на трошоците. Електронската трговија е
процес на водење на тој бизнис преку компјутерски мрежи.
Електронската трговија во светски рамки се појавува кон средината на 90-
тите години од минатиот век, па за да доживее вистински бум во текот на
претходната деценија. Притоа, бројот на трансакции и прометот остварен преку
интернет продажбата во развиените земји сериозно се приближува до оној
остварен од традиционалната продажба.
Keywords:
технологија, ИКТ, електронски бизнис, електронска трговија,
веб-страница, електронска продавница
