
Ефектот на онлајн психолошкото советување наспроти традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ
Citation APA 7:
Секуловска, Е. (2025). Ефектот на онлајн психолошкото советување наспроти традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Секуловска, Е., 2025. Ефектот на онлајн психолошкото советување наспроти традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.3.2026 |
Citation APA 7:
Секуловска, Е. (2025). Ефектот на онлајн психолошкото советување наспроти традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Секуловска, Е., 2025. Ефектот на онлајн психолошкото советување наспроти традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во современите услови на дигитализација и постпандемиски промени,
психотерапијата се изведува во два главни формата – онлајн и лице в лице.
Целта на истражувањето е да се испитаат искуствата и преференциите на
клиентите во однос на форматот на психотерапијата, нивното задоволство од
процесот и улогата на личните психолошки сили во доживеаното терапевтско
искуство.
Истражувањето беше спроведено со 111 учесници со различни искуства
(онлајн, лице в лице или хибриден формат). Податоците беа собрани преку
квантитативни скали за задоволство и психолошки сили, како и квалитативни
прашања за перцепцијата на предностите и недостатоците на двата формата.
Резултатите покажаа дека клиентите изразија високо ниво на задоволство
независно од форматот, без значајни разлики меѓу групите. Полот, образованието и
професионалната позадина не влијаеја врз перцепцијата на ефективноста. Се
забележа позитивна корелација меѓу личните психолошки сили и задоволството од
терапијата. Квалитативните наоди истакнаа практични предности на онлајн
форматот (удобност, заштеда на време) и на лице в лице форматот (подлабока
поврзаност, подобра проценка на невербалните сигнали), како и нивните
ограничувања (технички проблеми, дигитален замор, потреба од патување).
Заклучок: Психотерапијата – онлајн или лице в лице – е високо вреднувана од
страна на клиентите во однос на задоволството и перципираната ефективност.
Онлајн форматот се потврди како практичен и ефикасен пристап, додека лице в лице
терапијата останува значајна во случаи каде личниот контакт е приоритет. Форматот
на психотерапијата не е пресуден фактор за перцепциите и задоволството на
клиентите. Индивидуалните психолошки ресурси, напротив, играат значајна улога и
претставуваат важен предиктор на субјективниот терапевтски исход. И двата модели
се оценети како ефективни, а изборот зависи од индивидуалните потреби и
околности. Ова истражување придонесува кон разбирање на современите трендови и
поддржува развој на хибридни услуги. Наодите ја нагласуваат потребата од
мултимодален пристап кој ќе овозможи флексибилност и прилагодување на услугите
според индивидуалните потреби и контекстуални фактори, со цел да се подобри
достапноста и квалитетот на психолошката поддршка.
Keywords:
онлајн психолошко советување, традиционално психолошко
советување, онлајн психотерапија, традиционална лице в лице психотерапија,
перцепции на корисници, дигитални психолошки услуги, хибридни модели.
