
Ефектот на онлајн психолошкото советување наспрема традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ
Секулоска,Е., 2025, Ефектот на онлајн психолошкото советување наспрема традиционалниот модел – истражување на перцепциите на корисници на психотерапевтски услуги во РСМ
Abstract
Во современите услови на дигитализација и постпандемиски промени, психотерапијата се изведува во два главни формата – онлајн и лице в лице.
Целта на истражувањето е да се испитаат искуствата и преференциите на клиентите во однос на форматот на психотерапијата, нивното задоволство од процесот и улогата на личните психолошки сили во доживеаното терапевтско искуство.
Истражувањето беше спроведено со 111 учесници со различни искуства (онлајн, лице в лице или хибриден формат). Податоците беа собрани преку квантитативни скали за задоволство и психолошки сили, како и квалитативни прашања за перцепцијата на предностите и недостатоците на двата формата.
Резултатите покажаа дека клиентите изразија високо ниво на задоволство независно од форматот, без значајни разлики меѓу групите. Полот, образованието и професионалната позадина не влијаеја врз перцепцијата на ефективноста. Се забележа позитивна корелација меѓу личните психолошки сили и задоволството од терапијата. Квалитативните наоди истакнаа практични предности на онлајн форматот (удобност, заштеда на време) и на лице в лице форматот (подлабока поврзаност, подобра проценка на невербалните сигнали), како и нивните ограничувања (технички проблеми, дигитален замор, потреба од патување).
Заклучок: Психотерапијата – онлајн или лице в лице – е високо вреднувана од страна на клиентите во однос на задоволството и перципираната ефективност. Онлајн форматот се потврди како практичен и ефикасен пристап, додека лице в лице терапијата останува значајна во случаи каде личниот контакт е приоритет. Форматот на психотерапијата не е пресуден фактор за перцепциите и задоволството на клиентите. Индивидуалните психолошки ресурси, напротив, играат значајна улога и претставуваат важен предиктор на субјективниот терапевтски исход. И двата модели се оценети како ефективни, а изборот зависи од индивидуалните потреби и околности. Ова истражување придонесува кон разбирање на современите трендови и поддржува развој на хибридни услуги. Наодите ја нагласуваат потребата од мултимодален пристап кој ќе овозможи флексибилност и прилагодување на услугите според индивидуалните потреби и контекстуални фактори, со цел да се подобри достапноста и квалитетот на психолошката поддршка.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 16.3.2026 13:30 |
| Last Modified | 16.3.2026 13:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
