
Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Република Северна Македонија
Миленков,С., 2025, Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Република Северна Македонија
Abstract
Овој труд го истражува влијанието на маркетинг стратегиите и брендирањето врз привлекувањето на театарската публика во Македонија. Во него се анализираат културолошките предизвици и можностите што ги нуди современиот маркетинг во контекст на уметничките институции, особено театрите. Главниот фокус е насочен кон идентификување на факторите што влијаат на односот меѓу театарските институции и нивната публика, како и методите преку кои тие можат да ја зголемат својата привлечност, релевантност и одржливост.
Истражувањето се базира на анализа на различни теоретски и практични перспективи, почнувајќи од историското влијание на културата, преку адаптибилноста на театарските институции кон современите технологии, па сè до важноста на комуникацијата, брендирањето и изградбата на лојалност кај публиката.
Посебен акцент е ставен на примената на маркетиншкото планирање и креирањето ефикасни стратегии, како и на улогата на емоционалните, социјалните, симболичните и функционалните придобивки што театарските „производи“ ги нудат на своите „потрошувачи“. Анализата укажува дека успешниот маркетинг во театрите подразбира интеграција на маркетингот како бизнис-филозофија, а не само како збир алатки, што значително може да придонесе за развојот и долгорочната стабилност на културолошките институции.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 23.09.2025 11.00 |
| Last Modified | 23.09.2025 11.00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
