
Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Македонија
Citation APA 7:
Миленков, С. (2025). Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Миленков, С., 2025. Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.09.2025 |
Citation APA 7:
Миленков, С. (2025). Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Миленков, С., 2025. Ефективноста на маркетинг стратегиите и брендирањето во привлекувањето на театарската публика во Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет
Abstract
Овој труд го истражува влијанието на маркетинг стратегиите и брендирањето врз
привлекувањето на театарската публика во Македонија. Во него се анализираат
културолошките предизвици и можностите што ги нуди современиот маркетинг во контекст
на уметничките институции, особено театрите. Главниот фокус е насочен кон
идентификување на факторите кои влијаат на односот меѓу театарските институции и
нивната публика, како и методите преку кои тие можат да ја зголемат својата привлечност,
релевантност и одржливост.
Истражувањето се базира на анализа на различни теоретски и практични перспективи,
почнувајќи од историското влијание на културата, преку адаптибилноста на театарските
институции кон современите технологии, па сè до важноста на комуникацијата,
брендирањето и изградбата на лојалност кај публиката.
Посебен акцент е ставен на примената на маркетингшкото планирање и креирањето
ефикасни стратегии, како и на улогата на емоционалните, социјалните, симболичните и
функционалните бенефити кои театарските „производи“ ги нудат на своите „потрошувачи“.
Анализата укажува дека успешниот маркетинг во театрите подразбира интеграција на
маркетингот како бизнис филозофија, а не само како збир на алатки, што може значително
да придонесе за развојот и долгорочната стабилност на културолошките институции.
Keywords:
маркетинг стратегии, брендирање, театарска публика, културолошки
производи, маркетинг микс, Македонија.
