
Ефекти од ротацијата на работното место и стресот на работната улога врз работното задоволство и организациската посветеност кај вработените
Citation APA 7:
Лазаровска, Д. (2022). Ефекти од ротацијата на работното место и стресот на работната улога врз работното задоволство и организациската посветеност кај вработените [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Лазаровска, Д., 2022. Ефекти од ротацијата на работното место и стресот на работната улога врз работното задоволство и организациската посветеност кај вработените. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.10.2022 |
Citation APA 7:
Лазаровска, Д. (2022). Ефекти од ротацијата на работното место и стресот на работната улога врз работното задоволство и организациската посветеност кај вработените [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Лазаровска, Д., 2022. Ефекти од ротацијата на работното место и стресот на работната улога врз работното задоволство и организациската посветеност кај вработените. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Со оглед на важноста на задоволството од работата и организациската
посветеност на вработените во една организација, на која укажуваат теоретските и
емпириските сознанија во литературата, целта на овој труд е да се истражат ефектите
на ротацијата на работните места и стресот на работната улога врз работното
задоволство и организациската посветеност кај административните работници.
Истражувачкиот примерок го сочинуваат 120 административни работници од јавните и
приватните организации во нашата држава, на возраст до 45 години, со средно и
високо образование, работен стаж од најмалку 3 години во организацијата во која се
вработени и 1-3 ротации на работните места. За собирање на податоците применети се:
Прашалник за став кон ротација на работни места, Прашалник за стрес на работна
улога, Прашалник за работно задоволство и Прашалник за организациска посветеност.
Добиените резултати покажуваат дека постојат статистички значајни разлики помеѓу
административните работници со различен став кон ротацијата на работните места и
различен степен на стрес на работна улога во однос на нивното работно задоволство и
организациска посветеност, и исто така покажуваат дека постои статистички значајна
позитивна поврзаност на ставот кон ротацијата на работните места со работното
задоволство и организациската посветеност кај административните работници, а
статистички значајна негативна поврзаност на стресот на работната улога со работното
задоволство и организациската посветеност кај административните работници. Вака
добиените резултати се конзистентни со резултатите од претходните истражувања
достапни во стручната литература.
Keywords:
административни работници, ротација на работни места, стес на
работна улога, работно задоволство, организациска посветеност
