
Едукацијата, влијанието, важноста на човечките ресурси во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата
Citation APA 7:
Јордановски, Н. (2021). Едукацијата, влијанието, важноста на човечките ресурси во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
Citation Harvard:
Јордановски, Н., 2021. Едукацијата, влијанието, важноста на човечките ресурси во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, Студиска програма: Безбедност при работа.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 21.10.2021 |
Citation APA 7:
Јордановски, Н. (2021). Едукацијата, влијанието, важноста на човечките ресурси во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
Citation Harvard:
Јордановски, Н., 2021. Едукацијата, влијанието, важноста на човечките ресурси во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, Студиска програма: Безбедност при работа.
Abstract
Денес институциите се принудени да ги извршуваат своите обврски и задачи со што помалку вложени ресурси, во услови на брзи и неочекувани промени во опкружувањето и се во постојана борба со истите. Работејќи под притисок од опкружувањето, тие се наоѓаат пред предизвикот за остварување на високи цели со минимални трошоци и ресурси. Притоа, може да се тргне во погрешна насока доколку човечките ресурси се третираат како и другите ресурси, затоа што ефикасноста на институциите најмногу зависи од вработениот персонал. Регрутацијата и изборот, како есенцијален дел на менаџментот на човечки ресурси, имаат најголемо влијание врз успешноста на една институција. Предмет на ова истражување претставуваат процесите на eдукација, влијание и важноста на човечките ресурси како задолжителни фукнции на менаџментот на човечки ресурси во организациите, улогата на менаџментот на човечки ресурси и заштита при работа како темел за нивна ефикасна, ефективна и правилна примена и нивните импликации врз опстанокот, напредокот и иднината во успешното, квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата. Луѓето претставуваат јадро на секоја организација, додека пак Армијата како организација е движечка сила во една земја. Фундаменталната цел на ова истражување е да се согледа влијанието и важноста на човечките ресурси, улогата и значењето на сеопфатнoста на процесите во успешното и квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата, како и едукацијата како клучен фактор за долгорочен опстанок и успех на целата организација, креирање на можности за инвентивност со правилен избор во процесите на успешното и квалитетно работење во делот на безбедноста при работа во Армијата со што би се олеснила нивната практична примена. Емпириското истражување преставува клучен елемент со кое би се утврдило влијанието на сеопфатните процеси на безбедноста и почитување на мерките за заштита при работа врз долгорочната успешност на работењето на Армијата и нејзиниот понатамошен развој. Земајќи го во предвид погоре кажаното, истражувачките напори се насочени кон утврдување на присутноста на процесите кои се применуваат и почитуваат во делот на менаџментот на човечки ресурси и безбедноста при работа во Армијата.
Keywords:
институциите, процесите, менаџмент на човечки ресурси, безбедност при работа, Армијата
