Договор за купопродажба во македонското законодавство

Михова,А., 2025, Договор за купопродажба во македонското законодавство

Abstract

Договорот за купопродажба всушност ни претставува еден од најчесто склучуваните облигациони договори и во секојдневието наше, но и во трговската пракса. Овој договор всушност претставува и правен инструмент преку кој што се овозможува пренос на сопственоста од продавачот кон купувачот, во замена за соодветна парична противвредност. Во македонското законодавство, договорот за купопродажба е детално уреден заедно со одредбите од Законот за облигационите односи, како и со други посебни закони во зависност од предметот на продажба – односно тука спаѓаат: недвижности, подвижни стоки, добра со посебен режим (на пр., огнено оружје), трговски стоки и тн.
Самиот магистерски труд има за цел да го анализира договорот за купопродажба низ призмата на позитивното право на Република Северна Македонија. Преку детална правна анализа ќе бидат во целост обработени главните елементи на договорот: волјата на страните, предметот на договорот, цената, формата и исполнувањето на договорот. Ќе се даде и еден посебен осврт и на моментот на пренос на сопственоста, на ризиците, како и на правата и обврските на договoрните страни.
Исто така, детално ќе се разгледаат и различните видови на купопродажба (купопродажба на недвижности, купопродажба со рати, купопродажба со задржување на сопственост и др.), како и специфичните правила кои важат во трговската купопродажба според Законот за трговски друштва. Ќе се направи на крајот и компаративна анализа со правото на Европската Унија и некои соседни земји, со цел да се оцени усогласеноста и можностите за понатамошна хармонизација а и да се направи споредба односно компарација.
На крај, трудот ќе понуди практични примери и судска практика од македонските судови, со цел да се прикаже како теоријата се применува во пракса. Заклучоците ќе дадат препораки за унапредување на правната рамка и подобрување на договорната дисциплина.