
Дизајнирање и имплементирање зона на чист воздух во урбана средина
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | Engineering and Technology> Other engineering and technology |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 29.5.2024 |
| Last Modified | 29.5.2024 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Митевски,Н., 2024, Дизајнирање и имплементирање зона на чист воздух во урбана средина |
Abstract
Од причини што постојано сме сведоци на секојдневна изложеност на населението на опасни загадувања, сè повеќе се посветува внимание на здравата животна средина. Од тие причини, неопходно е да се превенира изложеноста на луѓето на таквото загадување и затоа е потребно да се откријат навреме, да се детектираат и измерат вредностите и нивоата на полутантите од изворите на загадување.
Поради нераскинливата врска помеѓу луѓето и животната средина, воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме, храната што ја јадеме и енергијата што ги напојува нашите домови и бизниси, потребно е сите ние да се потрудиме да ја заштитиме животната средина.
Во овој магистерски труд предмет и цел на истражувањето е да се извршат мерења на концентрациите на загадувачи на две локации (РМ2.5 и РМ10 честички, јаглерод диоксид (СО2), формалдехид (НСНО), температура и влажност на воздухот) во затворена непроветрена просторија и на раскрсница на прометни булевари во Скопје, по што е направена компаративна анализа на добиените резултати. Резултатите докажаа дека постои разлика во концентрацијата на загадувачите на воздухот во затворена непроветрена просторија и на раскрсница на прометни булевари.
Клучни зборови: дизајнирање, загадување, зона на чист воздух
