
Дипломатски и правосудни начини на решавање на спорови со посебен осврт на спорот за името на Република Северна Македонија и Република Грција
Зиковска,Ј., 2025, Дипломатски и правосудни начини на решавање на спорови со посебен осврт на спорот за името на Република Северна Македонија и Република Грција
Abstract
Решавањето на меѓународните спорови е еден од најзначајните аспекти од областа на меѓународното право и меѓународните односи. Оваа магистерска работа ги анализира самите дипломатските и правосудните начини за решавање на меѓународните спорови, со фокус на еден од најактуелните спорови – спорот за името помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Спорот меѓу овие две држави не претставува само правен и дипломатски проблем, туку и сериозен геополитички предизвик кој дирекно влијаеше врз стабилноста на Балканот, членството на нашата држава во Нато но и нејзините евроатланските интеграции на СРМ во Европска Унија, како и пристапот до меѓународните организации како што се Обединетите Нации.
Преку една теоретска анализа и студија на случај се истражуваат доста различни пристапи кои беа користени во процесот од билатерални дипломатски преговори и медијација под покровителство на Обединетите Нации, па се до иницирање на правните постапки пред Меѓународен суд на правда. Самото истражување сака да покаже дека комбинацијата на дипломатијата и меѓународното право може да придонесе до долгорочни и одржливи решенија на сензитивни прашања, како и да е ја укаже главната улога на меѓународните институции и големата политичка волја на инволвираните страни во процес на решавање на такви долгогодишни конфликти.
Клучен момент во надминување на спорот е склучување на Преспанскиот договор во 2018 година. Преку една научна- правна анализа на овај договор и неговото правно-политичко значење, се понудени вредни согледувања за управување со слични спорови во иднина и со цел да се унапрадуваат практиката на меѓународното право и дипломатијата.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
