Динамиката на тимот, поддршка на лидерството и намалување на стапката на флуктуација во Цермат ДОО Битола

Велјановска,А., 2025, Динамиката на тимот, поддршка на лидерството и намалување на стапката на флуктуација во Цермат ДОО Битола

Abstract

Ова истражување го разгледува влијанието на динамиката на тимот и поддршката на лидерството врз задоволството на вработените, како и намалувањето на стапката на флуктуација во ДОО Цермат Битола. Во индустрија каде што се произведува сладолед од големо значење е да се задржат вработените на своите работни места. Истражувањето ја испитува динамиката на тимот во ДОО Цермат Битола, кој со ефикасната комуникација, доверба и соработка може да поттикна позитивна работна средина, зголемувајќи го задоволството од работата и организациската посветеност.
Дополнително се исражува улогата на лидерската поддршка, фокусирајќи се на тоа како различните стилови на лидерството влијаат на моралот на вработените и ги намалуваат намерите вработените да го напуштат работното место во ДОО Цермат Битола. Преку анализирање на податоците ова истражување ги идентификува клучните двигатели на задржувањето на вработените и дава препорака на менаџерите и лидерите (технолозите) за да се зајакне кохезијата на тимот. Наодите ја разгледуваат важноста на пристапот за поддршка на лидерството и здравата динамика на тимот во создавањето стабилна работна сила. На крајот ова придонесува за намалување на стапкатана на флуктуација, и подобрување на оперативната ефикасност во ДОО Цермат Битола.

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

24.1.2026 11:00

Last Modified

24.1.2026 11:00

URL

Article Year

Co-Authors