Дигиталните вештини како фактор за успешно работење на секторот за човечки ресурси во компаниите

Citation APA 7:
Пресилска, Ј. (2021). Дигиталните вештини како фактор за успешно работење на секторот за човечки ресурси во компаниите [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Пресилска, Ј., 2021. Дигиталните вештини како фактор за успешно работење на секторот за човечки ресурси во компаниите. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

03.12.2021

Citation APA 7:
Пресилска, Ј. (2021). Дигиталните вештини како фактор за успешно работење на секторот за човечки ресурси во компаниите [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Пресилска, Ј., 2021. Дигиталните вештини како фактор за успешно работење на секторот за човечки ресурси во компаниите. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Abstract

Секторот за човечки ресурси во една компанија е задолжен за менаџирање на
работниот циклус на вработените. И тоа почнувајќи од процесот на регрутирање,
вработување, обучување, нивно надгледување, па сè до процесите на доедукација,
наградување, мотивирање или отпуштање од работа. Човечкиот капитал во една
компанија е носител на работата и следствено носител на резултатите што ги постигнува
на крајно ниво таа компанија. Со цел постигнување добри резултати, човечкиот капитал
треба да биде добро структуриран и правилно организиран од страна на менаџерот за
човечки ресурси кој има главна одговорност за вработените во една компанија.
Промените во технолошкиот свет неминовно се наметнуваат и врз компаниите на
секое ниво, па со тоа и врз работата на секторот за човечки ресурси. Дигиталните
вештини на менаџерите за човечки ресурси во денешно време се скоро задолжителни со
цел поголема ефикасност и поголема продуктивност на компанијата.
Теоретскиот дел на овој научен труд ја анализира структурата на компанијата,
улогата на секторот за човечки ресурси во рамките на компанијата и неговата работа.
Исто така теоретската анализа изнесува податоци за дигитализацијата и нејзината
примена во секторот за човечки ресурси како нов, променет, модерен начин на работа.
Оваа магистерска теза ја анализира токму таа состојба – промената на работата на
менаџерите за човечки ресурси од еден начин на работа кон модерна дигитализирана
организираност на работните обврски. За да се провери ефикасноста, продуктивноста,
организираноста на една компанија, благодарение на дигитализациајта во секторот за
човечки ресурси, главната хипотеза на овој научен труд се темели токму врз улогата на
дигитализацијата во постигнувањето подобри резултати на компаниите.
Во емпирискиот дел, со помош на научно-истражувачки методи како теоретска
анализа и анкета во форма на прашалник, анализата покажува дека дигитализациајта на
секторот за човечки ресурси допринесува за подобра организираност на вработените,
поголема нивна ефикасност во работата но и поголема продуктивност на компанијата.

Keywords:

Дигитализација, менаџмент на човечки ресурси, компанија,
дигитални технологии, човечки ресурси.