Дигиталниот маркетинг – иднина или реалност

Citation APA 7:
Мемети, Ј. (2022). Дигиталниот маркетинг – иднина или реалност [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Мемети, Ј., 2022. Дигиталниот маркетинг – иднина или реалност. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

09.11.2022

Citation APA 7:
Мемети, Ј. (2022). Дигиталниот маркетинг – иднина или реалност [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Мемети, Ј., 2022. Дигиталниот маркетинг – иднина или реалност. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Маркетингот отсекогаш е поврзан со потрошувачите, на вистинското место и во
вистинското време. Денес, тоа значи дека потрошувачите треба да се побараат таму каде
што поминуваат повеќе време – на интернет. Дигиталниот маркетинг е т.н. чадор за сите
активности за онлајн маркетинг на една компанија. Многу бизниси користат дигитални
канали, како што се: пребарување на Google, социјални медиуми, е-пошта, онлајн
промоции и веб-локации за да се поврзат со нивните сегашни и потенцијални
потрошувачи. Многу компании се фокусираат на онлајн (или дигитални) канали преку
офлајн маркетинг-тактики, бидејќи тоа им овозможува да стигнат до нивните идеални
целни потрошувачи кои поголемиот дел од своето време го поминуваат онлајн.
Дигиталниот маркетинг користи бројни дигитални тактики и канали за онлајн
поврзување со потрошувачите. Дигиталниот маркетинг помага да се дојде до поголем
целен аудиториум отколку што би можеле преку традиционалните методи и да ги насочи
потенцијалните потрошувачи да го купат производот или услугата на одредена
компанија. Дополнително, дигиталниот маркетинг овозможува да се мери успехот на
дневна основа и да се преземаат соодветни корективни мерки за поуспешно остварување
на целите на компанијата.
Дигиталниот маркетинг, од друга страна, овозможува да се идентификуваат
специфичните потрошувачи, кон кои можат да се испраќаат персонализирани
маркетинг-пораки. Дигиталниот маркетинг овозможува да се следат кампањите на
дневна основа и да се намали сумата на пари што се троши на одреден канал доколку тој
не покажува висок поврат на вложените средства.
Маркетинг-пораките пренесени до потрошувачите низ различни дигитални
канали им овозможат на компаниите да изградат доверба со целните потрошувачи. Тоа,
исто така, им помага да го спречат пазарниот скептицизам и да понудат вредност на
пазарот.
Компаниите, исто така, можат да користат широк спектар на паметни алатки за да
соберат голем број податоци и да направат длабински анализи за нивните целни
потрошувачи. Тоа е сосема нов начин да се пријде на потрошувачите. Всушност,
опсежното истражување на пазарот и потрошувачите им овозможува на компаниите да
ги искористат неискористените можности.

Keywords:

дигитален маркетинг, реалност,економија