Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување

Манасов,И., 2025, Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување

Abstract

Дигиталните технологии и медии се длабоко интегрирани во нашиот секо-јдневен живот. Тие нé одржуваат поврзани, и се предуслов за многу работни про-цеси: овозможуваат социјални врски, инспирација, забава, учење и многу повеќе. Дигиталните технологии и медии го одредуваат нашето секојдневие, а ефектите мора добро да се истражат. Како ние како поединци и како општество можеме да се справиме со феноменот на дигитален стрес? Истовремено, кога не е добро управуван, дигиталниот стрес може да доведе до негативни здравствени после-дици.
Секојдневно поминуваме многу часови пред екран: компјутери, паметни те-лефони и таблети станаа составен дел од нашите канцеларии и ги прават работ-ните процеси полесни и поефикасни. Изложеност на дигитални технологии исто така може да има спротивен ефект. Тие можат да ни предизвикаат стрес и оптова-рување – и на тој начин да придонесат за нарушување на нашата благосостојба и нашите перформанси. Затоа е значајно да се истражи кои дигитални стресори по-стојат на работно место и да се испитаат модели на биолошка реакција на ди-гитален стрес и негови здравствени последици.
За да имаме убав живот треба да ги развиваме клучните способности на менталниот живот: самосвест (го поттикнува развојот на сопствената личност) и емпатија (основа на засновање и одржување на врските). Нивниот развој го заси-лува чувството на исполнетост и успех. Истражувања во неврологија укажуваат како можеме да го засилиме клучниот мускул на човечкиот ум – фокусирано внимание. Тоа функционира како мускул – ако го користиме добро, го тренираме, тој ќе се развива, и обратно.Начинот на кој го ангажираме нашето внимание оп-ределува ШТО ГЛЕДАМЕ (сите ние гледаме исто, но различно ВООЧУВАМЕ) – реалноста е она на што ќе се фокусираме.
Социјалните и емоционалните структури на детскиот мозок учат од контак-тите и разговорите со сите кои детето ги среќава во текот на денот. Тие заемни дејствувања ги обликуваат мозочните структури: помалку часови поминати со луѓе, а повеќе поминати во зјапање во дигитален екран – НАВЕСТУВААТ НЕ-ДОСТАТОЦИ.
Појавата на мобилни мрежни уреди сега значи дека до информации може да се пристапи насекаде, во било кое време со линк на Интернет. Оваа нова ин-формативна реалност создаде значителни можности за учење и во формално образование и во неформални поставки.