
Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување
Citation APA 7:
Манасов, И. (2025). Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Манасов, И., 2025. Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 27.1.2026 |
Citation APA 7:
Манасов, И. (2025). Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Манасов, И., 2025. Дигитален стрес – што го предизвикува, кои се негови последици и стратегии за справување. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Дигиталните технологии и медии се длабоко интегрирани во нашиот секојдневен живот. Тие нé одржуваат поврзани, и се предуслов за многу работни процеси: овозможуваат социјални врски, инспирација, забава, учење и многу повеќе.
Дигиталните технологии и медии го одредуваат нашето секојдневие, а ефектите
мора добро да се истражат. Како ние како поединци и како општество можеме да
се справиме со феноменот на дигитален стрес? Истовремено, кога не е добро
управуван, дигиталниот стрес може да доведе до негативни здравствени последици.
Секојдневно поминуваме многу часови пред екран: компјутери, паметни телефони и таблети станаа составен дел од нашите канцеларии и ги прават работните процеси полесни и поефикасни. Изложеност на дигитални технологии исто
така може да има спротивен ефект. Тие можат да ни предизвикаат стрес и оптоварување – и на тој начин да придонесат за нарушување на нашата благосостојба и
нашите перформанси. Затоа е значајно да се истражи кои дигитални стресори постојат на работно место и да се испитаат модели на биолошка реакција на дигитален стрес и негови здравствени последици.
За да имаме убав живот треба да ги развиваме клучните способности на
менталниот живот: самосвест (го поттикнува развојот на сопствената личност) и
емпатија (основа на засновање и одржување на врските). Нивниот развој го засилува чувството на исполнетост и успех. Истражувања во неврологија укажуваат
како можеме да го засилиме клучниот мускул на човечкиот ум – фокусирано
внимание. Тоа функционира како мускул – ако го користиме добро, го тренираме,
тој ќе се развива, и обратно.Начинот на кој го ангажираме нашето внимание определува ШТО ГЛЕДАМЕ (сите ние гледаме исто, но различно ВООЧУВАМЕ) –
реалноста е она на што ќе се фокусираме.
Социјалните и емоционалните структури на детскиот мозок учат од контактите и разговорите со сите кои детето ги среќава во текот на денот. Тие заемни
дејствувања ги обликуваат мозочните структури: помалку часови поминати со
луѓе, а повеќе поминати во зјапање во дигитален екран – НАВЕСТУВААТ НЕДОСТАТОЦИ.
Keywords:
дигитален стрес, работно место, справување.
