
Бракот помеѓу хомосексуалците
Citation APA 7:
Поцевски, А. (2021). Бракот помеѓу хомосексуалците [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Поцевски, А., 2021. Бракот помеѓу хомосексуалците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 22.03.2021 |
Citation APA 7:
Поцевски, А. (2021). Бракот помеѓу хомосексуалците [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Поцевски, А., 2021. Бракот помеѓу хомосексуалците. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Истополовиот брак е легализиран во повеќе од 20 држави, вклучително и 16 во
Европа. Во април 2001 година, Холандија беше првата земја во светот што го легализира
бракот од ист пол. До денес, уште 15 земји го следат овој пример: Белгија, Шпанија,
Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Данска, Франција, Велика Британија (освен
Северна Ирска), Ирска, Финска, Малта, Германија и Австрија. Неколку други земји
прифаќаат истополови граѓански партнерства со малку пониско ниво на права – Унгарија,
Чешката Република, Хрватска, Италија, Грција, Кипар, Швајцарија, Естонија и Словенија.
Повеќето земји во Источна Европа (Литванија, Латвија, Полска, Словачка, Романија,
Бугарија) немаат легализирана форма на истополова заедница. Во Америка истополовиот
брак беше легализиран најпрво во Канада во 2005 година, а потоа во Аргентина, Уругвај,
Бразил, Колумбија и САД (со одлука на Врховниот суд што го прошири тоа право на сите
држави). Чиле и Костарика имаат правни граѓански партнерства. На африканскиот
континент истополовиот брак е легален само во Јужна Африка, а во триесетина земји
хомосексуалноста е дури и забранета. На овој многу репресивен Блискиот Исток, Израел е
срамежлив исклучок. Иако не е нелегален, бракот не е можен затоа што нема формална
институција да го прогласи, но се признава ако е направен во странство. Уставниот суд
дозволи легализација на истополовите бракови во Тајван, а Австралија е во процес на
легализација на истата. Нов Зеланд го легализираше истополовиот брак и посвојувањето
на децата во 2013 година.
Истополовите бракови сѐ уште се табу-тема во голем број земји, вклучувајќи ја и
нашата земја, и затоа во овој труд ќе се обидам да ја прецизирам фактичката состојба на
оваа појава и начинот на кој истата се рефлектира во општеството.
Keywords:
брак, семејство, деца, хомосексуалност, права, предрасуди,
законска регулатива, јавно мислење
