Безбедност при работа во земјоделството

Citation APA 7:
Илиевски, М. (2024). Безбедност при работа во земјоделството [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Citation Harvard:
Илиевски, М., 2024. Безбедност при работа во земјоделството. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

27.05.2025

Citation APA 7:
Илиевски, М. (2024). Безбедност при работа во земјоделството [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Citation Harvard:
Илиевски, М., 2024. Безбедност при работа во земјоделството. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Abstract

Безбедноста при работа во земјоделството е клучен аспект за заштита на
здравјето и животот на земјоделските работници, кои се изложени на широк спектар на
ризици и опасности. Овој сектор, кој вработува значителен дел од глобалната работна
сила, се издвојува како еден од најопасните поради високата стапка на несреќи и
професионални заболувања. Контактот со животни, работа со механизација,
изложеност на хемикалии и неповолни работни услови придонесуваат за појава на
повреди, респираторни заболувања, дерматолошки проблеми и долгорочни
здравствени последици.
Превенцијата на несреќи и намалувањето на професионалните заболувања во
земјоделството бара систематски пристап кој вклучува едукација на работниците,
примена на современа заштитна опрема, редовно одржување на механизацијата и
стриктно почитување на безбедносните стандарди. Особено значајна е поддршката на
сезонските и мигрантските работници, кои често работат во ризични услови, преку
подигнување на нивната свест за опасностите и правата на безбедно работно место.
Иновативните мерки и стратегии за управување со ризикот можат да придонесат за
зголемена безбедност и одржлив развој на земјоделскиот сектор

Keywords:

безбедност при работа, земјоделство, несреќи на работното место,
професионални заболувања, превенција, заштитна опрема.