Безбедност при работа во автомобилската индустрија

Петрушевски,К., 2024, Безбедност при работа во автомобилската индустрија

Abstract

Aвтомобилската индустрија доживеа значајни технолошки иновации и структурни промени, водени не само од императивот на конкурентноста на пазарот, туку и од сè поизразената потреба за зачувување на животната средина и заштита на работниците во оваа динамична индустрија. Овој труд ги истражува клучните аспекти на автомобилската индустрија, фокусирајќи се на интеграцијата на безбедноста при работа и заштитата на животната средина како критична компонента на нејзиниот одржлив развој.
Заштитата при работа во индустријата за автомобили претставува критичен аспект за осигурување на безбедно и здравствено работна околина за работниците во оваа индустрија. Со постојаните предизвици и технолошки напредоци во производството на автомобили, правилната имплементација на мерки за заштита при работа е неопходна.
Оваа област на заштита при работа се однесува на различни аспекти, вклучувајќи ги физичките, хемиски, биолошки и ергономски опасности кои може да настанат во производствениот процес. Посебно, режимот на работа во индустријата за автомобили може да вклучи изложеност на работниците на опасности како шум, вибрации, материјали и супстанции кои може да предизвикаат штетни ефекти врз здравјето.

Клучни зборови: безбедност при работа, заштита при работа, автомобилска индустрија.