Безбедносната култура и безбедносното однесување кај пожарникарите во зависност од некои социо-демографски и професионални карактеристики

Citation APA 7:
Димитровски, К. (2022). Безбедносната култура и безбедносното однесување кај пожарникарите во зависност од некои социо-демографски и професионални карактеристики [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Димитровски, К., 2022. Безбедносната култура и безбедносното однесување кај пожарникарите во зависност од некои социо-демографски и професионални карактеристики. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

16.03.2022

Citation APA 7:
Димитровски, К. (2022). Безбедносната култура и безбедносното однесување кај пожарникарите во зависност од некои социо-демографски и професионални карактеристики [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Димитровски, К., 2022. Безбедносната култура и безбедносното однесување кај пожарникарите во зависност од некои социо-демографски и професионални карактеристики. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Концептите на безбедносната култура и безбедносното однесување во голема мера
го привлекуваат вниманието и на професионалците за безбедност и на академските
истражувачи, како ефикасни, нетехнолошки средства за редуцирање на повредите и
несреќите при работа во различни професии, особено во поризичните, како што е
пожарникарството, во чии рамки има такви професионални ризици кои не можат да бидат
елиминирани на друг начин освен со културата на безбедност и безбедносното
однесување. Во недостиг на доволен број истражувања во нашата земја, фокусот на ова
истражување е токму врз безбедносната култура и безбедносното однесување на
пожарникарите во зависност од некои нивни социо-демографски и професионални
карактеристики, како и на нивната меѓусебна поврзаност. Целта на истражувањето е да се
утврдат разликите помеѓу пожарникарите со различни социодемографски и
професионални карактеристики во однос на безбедносната култура и безбедносното
однесување, како и поврзаноста на безбедносната култура, на социо-демографските и
професионалните карактеристики со безбедносното однесување на пожарникарите.
Истражувачкиот примерок го сочинуваат 60 испитаници кои се вработени во
противпожарните единици во источниот регион на РСМ на работно место пожарникари.
За собирање на податоците користени за Прашалник за безбедносна култура и Прашалник
за безбедносно однесување. Добиените резултати покажаа статистички значајни разлики
во безбедносната култура и безбедносното однесување помеѓу пожарникарите со различна
возраст, образовно ниво, брачен статус, работен стаж и историја на претходни повреди на
работното место, како и статистички значајна поврзаност помеѓу безбедносната култура,
образовното ниво, брачниот статус, работниотта стаж и историја на претходни повреди со
безбедносното однесување, но не и статистички значајна поврзаност помеѓу возраста на
пожарникарите и нивното безбедносно однесување.

Keywords:

безбедносна култура, безбедносно однесување, пожарникари,
социо-демографски карактеристики, професионални карактеристики