Безбедни услови за работа во националната компанија „Железничка инфраструктура“

Соколовски,В., 2024, Безбедни услови за работа во националната компанија „Железничка инфраструктура“

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

13.3.2024 13:00

Last Modified

13.3.2024 13:00

URL

Article Year

Co-Authors

Cite APA

Соколовски,В., 2024, Безбедни услови за работа во националната компанија „Железничка инфраструктура“

Abstract

Работниот процес може да има позитивно или негативно влијание врз здравјето на работниците. На долг рок, кога е поврзано со нездрави работни услови, тоа може да доведе до проблеми со здравјето и безбедноста на оние кои го вршат. Милиони работници ширум светот се изложени на влијанието на штетните фактори на нивните работни места. Неконтролирањето на ризиците поврзани со нив може да му наштети на нивното здравје на многу различни начини. Во исто време, организациите може да страдаат од намалена продуктивност и зголемени тужби и барања за потребите на вработените.
Од друга страна, кога работното место е безбедно и кога луѓето разбираат дека се грижат за нивното здравје, голема е веројатноста да се зголеми нивната мотивација за работа. Овој факт има пошироко признание во современата практика, каде здравјето и задоволството од сработеното доведуваат до зголемување на ефикасноста и квалитетот на работата.

Актуелноста на оваа теза е поврзана со прашањето за развој на Систем за управување со активности за обезбедување здрави и безбедни услови за работа во транспортната дејниост. Добрите работни услови и оптималната безбедност мора да бидат една од примарните грижи на менаџментот на компанијата, бидејќи безбедноста и здравјето заедно со профитабилноста, квалитетот и заштитата на животната средина се нераскинлив аспект од неговите одговорности. Разбирањето дека безбедноста и здравјето на работниците се важни показатели за компанијата е добро прифаќање на економските и организациските придобивки. Со други зборови, добра деловна политика значи да се обезбеди сигурна и здрава работа и да се реализира на пазарот безбеден и баран производ.