Анксиозност при учење и стилови на учење кај ученици во основно образование

Citation APA 7:
Наумовска, Х. (2024). Анксиозност при учење и стилови на учење кај ученици во основно образование [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Citation Harvard:
Наумовска, Х., 2024. Анксиозност при учење и стилови на учење кај ученици во основно образование. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

30.04.2025

Citation APA 7:
Наумовска, Х. (2024). Анксиозност при учење и стилови на учење кај ученици во основно образование [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Citation Harvard:
Наумовска, Х., 2024. Анксиозност при учење и стилови на учење кај ученици во основно образование. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.

Abstract

Анксиозноста за време на учењето може да ја попречи способноста на учениците да се
фокусираат и обработуваат нови информации, што често доведува до намалени академски
перформанси. Исто така, и различните стилови на учење, влијаат на тоа како поединците ги
апсорбираат и задржуваат информациите, при што тоа следствено влијаe и на нивните
академски перформанси и на присуството на повисоко ниво на анксиозност. Претходните
истражувања се насочени на испитување на родовите разлики кај стиловите на учење на
испитаниците и на влијанието на анксиозноста при учење кај повозрасната популација.
Ова истражување имаше за цел да го испита присуството на анксиозност при учењето и
влијанието на стиловите на учење, конкретно фокусирајќи се на родовите разлики при што
беа опфатени 98 испитаници (n=98) на возраст од 12–15 години од основно училиште.
Учесниците ги пополнија: Ендлерова скала на анксиозност и VARK прашалник за стилови
на учење. Хипотезите беа тестирани со помош на дескриптивна статистика, Т-тестови и
Пирсонов коефициент на корелација во SPSS 25. Резултатите покажуваат позитивна
корелација помеѓу возраста и анксиозноста за учење, додека значајни родови разлики се
појавија во преференциите за визуелен стил на учење и стилот на учење читање/пишување.
Потребни се понатамошни истражувања, со поголем број на испитаници, за да се истражи
сложената динамика помеѓу анксиозноста, полот и стиловите на учење, и овие наоди ја
нагласуваат потребата од приспособени образовни пристапи за решавање на овие разлики.

Keywords:

анксиозност при учење, стилови на учење, визуелен стил, аудитивен стил,
стил на учење читање/пишување, кинестетички стил