Анализа на системи за безбедност при работа и фактори за повреди на работно место

Димовски, В., 2025, Анализа на системи за безбедност при работа и фактори за повреди на работно место

Abstract

Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) е мултидисциплинарна наука која се занимава со превенција на повреди на работното место и болести поврзани со работата како и заштита и промовирање на здравјето на работниците. Истата е насочена е кон подобрување на условите за работа и околината. Професионалното здравје опфаќа промоција и одржување на највисок можен степен на физичко и ментално здравје и социјална благосостојба на работниците во сите професии. Во овој контекст, предвидувањето, препознавањето, оценувањето и контролата на опасностите кои произлегуваат од работното место, а можат да ги нарушат здравјето и добросостојбата на работниците, се основните принципи на процесот на проценка на ризик и управување со БЗР. Во однос на претходно наведеното не треба да се заборави и запостави можното влијание на непосредната околина и животната средина, коишто исто така треба да се земат предвид како дел од системот за заштита и превенција. Оваа магистерска работа има за цел да ја анализира распределбата, динамиката и специфичните карактеристики на повредите при работа според индустриски сектори во Република Северна Македонија во периодот од 2019 до 2024 година. Истражувањето е засновано на податоци од релевантни државни институции и опфаќа квантитативна анализа на повреди и смртни случаи во значајни индустриски сектори, вклучувајќи градежништво, преработувачка индустрија, јавна администрација, рударство, транспорт и други.