
Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи
Citation APA 7:
Бошков, С. (2023). Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Бошков, С., 2023. Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.10.2023 |
Citation APA 7:
Бошков, С. (2023). Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Бошков, С., 2023. Анализа на рекламните пораки и нивното влијание врз изборот на производи. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Рекламирањето стана незаменлив дел од секојдневието на потрошувачите,
а пораките кои се испраќаат преку рекламите сè повеќе се користат за да допрат
до потрошувачите. Магистерската работа теоретски има за цел да го разјасни
концептот на рекламирање, процесот на рекламирање и суштинските елементи во
самиот тој процес.
По теоретскиот дел, ќе биде спроведено истражување со главен фокус на
влијанието на пораките во рекламирањето врз потрошувачот и неговото
однесување. Пораките при рекламирањето се користат за да се создаде желба кај
потрошувачите за одреден производ, што на крајот треба да резултира со
купување.
Денес, потрошувачите, претежно се под влијание на глобализацијата, и се
опкружени со бројни реклами, а на маркетерите и компаниите често им е тешко да
стигнат до потрошувачите и да го задржат вниманието на одредена реклама.
Токму поради оваа причина,во рекламирањето сè повеќе се користат моќни
пораки. Истражувањето е фокусирано на два вида на пораки кои се испраќаат –
пораки со страв и пораки со провокативна содржина. Целта е да се утврди како
овие пораки влијаат на потрошувачите, особено на женската популација.
Keywords:
рекламирање, рекламни пораки, пораки ориентирани кон
потрошувачите, пораки ориентирани кон производи, емоции
