
Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост
Citation APA 7:
Златева, Д. (2021). Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Златева, Д., 2021. Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 15.12.2021 |
Citation APA 7:
Златева, Д. (2021). Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Златева, Д., 2021. Анализа на психо-социјалната состојба на семејства со деца и лица со попреченост. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Попреченост или инвалидност претставува оштетување кое може да биде
когнитивно, развојно, интелектуално, ментално, телесно, сетилно или комбинирано.
Значително влијае врз секојдневните активности и може да биде присутно од раѓање,
или да се појави во текот на животот. Лицата со попреченост претставуваат една
вулнерабилна група, која се наоѓа сеуште на маргините на општеството. Тие се
соочени често пати со проблемот на изолација во средината во која живеат. Покрај
неповолните општествено- економски односи на лицата со посебни потреби им е
неопходна потребата од општествена заштита во сите сфери на општествениот живот:
здравството, образованието, работните односи и други дејности. Според податоците на
Светска здравствена организација (СЗО), повеќе од една милијарда луѓе во светот
живеат со некој вид на попреченосст. Ова одговара на околу 15% од светската
популација. Стапката на инвалидност постојано се зголемува поради стареењето на
населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.
Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика
од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица,
децата и возрасните кои се сиромашни. Овие лица и тешко можат самостојно да си
обезбедат соодветна здравствена заштита и затоа е потребно секоја држава целосно да
им помага на лицата со попреченост.
Семејствата во кои има член со попреченост постојано се среќаваат со низа пречки во
општеството и имаат потреба од континуирана помош и поддршка.
Во мојот магистерски труд давам осврт на психо-социјалната состојба на семејствата
во кои живеат деца и лица со попреченост, односно со кои проблеми се соочуваат и на
какви влијанија се изложени.
Keywords:
попреченост, инклузија, општество, поддршка
