Анализа на мотивација на вработените во администрацијата преку разработување на мотивациски профил на организацијата

Citation APA 7:
Петрова, Т. (2021). Анализа на мотивација на вработените во администрацијата преку разработување на мотивациски профил на организацијата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Петрова, Т., 2021. Анализа на мотивација на вработените во администрацијата преку разработување на мотивациски профил на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.06.2021

Citation APA 7:
Петрова, Т. (2021). Анализа на мотивација на вработените во администрацијата преку разработување на мотивациски профил на организацијата [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Петрова, Т., 2021. Анализа на мотивација на вработените во администрацијата преку разработување на мотивациски профил на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Концепцијата за мотивацијата проникнува длабоко и суштински и во основните
аспекти од управувањето, како на пример: лидерство, управување на екипи,
управување на исполнувањето, етичките прашања во управувањето, правилното и
рационално донесување на решенија, како и во организациските промени. Како
преплетен феномен се состои од поголем број аспекти и не се разбира само како
потребност на една личност или пак само во врска со материјалните и нематеријалните
наградувања и стимули.
Проучувајќи ја мотивацијата во јавната администрација,овие две категории,
мотивацијата и јавна администрација, ни дават можност да ги разгледаме и
идентификуваме големиот број на заеднички работи, од кои првата е
интердисциплинарност на двете. И оттука, комплексноста и тешкотиите при нивната
анализа.
Јавната администрација на земјите-членки постојано ќе се прилагодува на
современите услови, вклучително и членството во ЕУ, што ќе се развива само по себе.
Постојаните контакти меѓу персоналот на земјите-членки на ЕУ и Европската
комисија, барањето за развој и спроведување на законодавството на ЕУ со еднакви
стандарди на безбедност во ЕУ, правото на ЕУ и споделените основни вредности и
принципи во јавната администрација доведуваат до трендот кон обединување и
спојување на националните администрации.
Во контекст на спецификацијата на мотивацијата во јавната администрација,
можеме да го додадеме фактот дека трендот на размена (често и целенасочено преку
т.н. „бенчмаркинг) на ,,најдобрите практики,, кој станува се поважен, во поглед на
интернационализацијата и растечката важност на различни споредби преку видот и
нивниот карактер.

Keywords:

Мотивација, инструменти за мотивација, мотивациски
профил, двофакторен модел за мотивација