
Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска медицина
Citation APA 7:
Пауновиќ, Т. (2022). Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска медицина [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Пауновиќ, Т., 2022. Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска медицина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 18.10.2022 |
Citation APA 7:
Пауновиќ, Т. (2022). Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска медицина [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Пауновиќ, Т., 2022. Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска медицина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Однесувањето на потрошувачите како пресудна алка во креирањето на маркетингстратегијата на една компанија е фасцинантно. Маркeтерите се пред огромен предизвик при
дефинирање и изучување на однесувањето на своите таргет-потрошувачи бидејќи тие не
мируваат, нивното однесување се стекнува, моделира, менува и потврдува 24/7/365.
Одговорот на прашањето зошто еден потрошувач се однесува на определен начин и
по која основа ги приоретизира производите и брендовите е резултат на комплексен склоп
на фактори што ги изградиле и дефинирале неговите вкусови и ставови. Многу фактори,
специфики и карактеристики влијаат врз потрошувачот како индивидуа, а со тоа и врз
неговите потрошувачки навики, преференци и целокупно однесување во процесот на
купување. Следствено, маркетинг-менаџерите при истражување и идентификување на
факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите добиваат можност да развијат
маркетинг-стратегија, маркетинг-порака или кампања што ќе одговара конкретно на
потребите и желбите на таргет-групата, со што успешно ќе ја зголемат продажбата на
сопствените производи или услуги.
Земајќи ги предвид пазарот, неговата динамика и оформеното потрошувачко
однесување, секоја компанија има цел да ја унапреди продажбата на своите производи
притоа задржувајќи ги квалитетот, имиџот на брендот и неговиот рејтинг во перцепцијата
и свеста на потрошувачот. Независно од големината на пазарот и зрелоста и ригидноста на
неговите потрошувачи, компанијата треба да развие стратегија за одржлив развој и
просперитет. Пазарот на апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска
медицина во Република Северна Македонија е релативно мал, исполнет со нелојална
конкуренција и просечна пазарна куповна моќ. Манипулацијата на овие пазарни елементи
пресретната од групи потрошувачи дефинирани под влијание на различни фактори,
претставува равенка со неколку непознати препуштена во рацете на локалните маркетингменаџери. Тие ја решаваат оваа равенка така што, познавајќи го својот производ, со сите
негови позитивни и негативни страни, успеваат да го одржат на пазарот во секоја негова
динамика и да влијаат врз пораст на неговата потрошувачка. Сево ова е изводливо во голем
дел и благодарение на успешната анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на
потрошувачите.
Анализа на факторите што влијаат врз однесувањето на потрошувачите во процесот на
донесување одлука за купување апарати за физикална терапија, рехабилитација и естетска
медицина
Keywords:
однесување на потрошувачи, продажба на апарати за физикална терапија,
рехабилитација и естетска медицина, позиционирање на бренд
