
Застапеност на корупцијата во институциите во република северна македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните
Секулоска,Љ.,2025, Застапеност на корупцијата во институциите во република северна македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните
Abstract
Корупцијата претставува една од најголемите закани за функционалноста на институциите и за демократијата во РС Македонија. Овој труд го истражува степенот на застапеност на корупцијата во државните институции и нејзиното влијание врз довербата на граѓаните. Преку анализа на релевантни податоци, на извештаи и на истражувања, се идентификуваат најкорумпираните сектори, како што се судството, полицијата и здравството и се испитува како оваа состојба ја нарушува транспарентноста и отчетноста на јавните служби.
Истражувањето покажува дека високото ниво на корупција директно ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, со што се создава циклус на недоверба и на неефикасност. Исто така, се разгледуваат компаративни примери од соседните земји и успешни практики од други држави кои можат да послужат како модел за справување со овој проблем.
Трудот завршува со предлог-мерки насочени кон јакнење на институционалниот интегритет, подобрување на законските рамки и кон зголемување на јавната свест за последиците од корупцијата. Во заклучокот се истакнува дека само преку колективни напори и со посветеност може да се воспостави повисоко ниво на доверба и на отчетност во македонското општество.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
