
Улогата на основните јавни обвинителства во република северна македонија
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Таева,А., 2025, Улогата на основните јавни обвинителства во република северна македонија |
Abstract
Во денешно време, водењето на целата претходна постапка современите држави ја доверуваат на јавното обвинителство, во тесна соработка со полицијата и сè поголемиот број специјализирани органи кои работат на следење, анализа и откривање на различни форми на криминал и корупција.
Истрагата на јавното обвинителство на Република Македонија, неговата улога и одговорност како и неговата соработка со властите е особен предизвик кој бара сериозен пристап. Јавното обвинителство сè уште одразува две спротивставени традиции, а тоа се: акузаторни постапки и инквизициски постапки. Во средниот век, во сите европски земји била позната компетентноста на поединците и нивната моќ да покренуваат кривична постапка што сугерира дека постоел систем на приватно гонење.
Основното јавно обвинителство е специјализирана и специфична државна институција којашто спроведува правни мерки против лица кои сториле кривично дело и други прекршоци пропишани со закон. Јавното обвинителство претставува посебен државен орган кој е независен од судската и извршната власт.
