Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот

Ѓорѓевиќ,Бојковска,С., 2025, Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот

Abstract

Афективната приврзаност според етолошкото разбирање на односите меѓу младенчето и мајката, ја има основната функција на заштита од предатори. Боулби истакна дека квалитетот на раната врска помеѓу детето и мајката влијае подоцна во односите со важни луѓе во текот на животот, менталното здравје и социјалното прилагодување на поединецот. Ставот што го нагласуваат Дојл и Морети е дека сигурната афективна приврзаност и одржување на функциите на афективната приврзаност кон родителите за време на адолесценцијата е заштитен фактор за здравјето и развојот. Се смета дека периодот на адолесценција се карактеризира и со тоа што постои шанса за обработка на искуство од претходните периоди на развој, што претставува посебен предизвик во психосоветодавната и психотерапевтската дејност. Афективната приврзаност се активира во стресни ситуации кога на поединецот му е потребно помош или поддршка, за адаптација на стресни околности и на крајот за преживување. Може да се каже дека поддршката е во опстанокот, т.е. одржување на безбедност, основна функција на афективна приврзаност. Токму ова ме насочи да размислувам во насока на тоа дека афективната поврзаност е во корелација со резилиентните снаги што ги поседува индивудуата.