
Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Монева,Д., 2025, Испитување на психомоторниот развој на дечиња со потешкотии во учењето |
Abstract
Психомоторниот развој претставува интегрален аспект од севкупниот развој на детето, кој ги опфаќа процесите поврзани со моторните способности и нивната координација со когнитивните процеси.
Психомоторниот развој е особено важен во раниот детски развој, кога децата учат основни вештини за движење и комуникација. Во овој период, децата развиваат основни моторни вештини, кои подоцна служат како основа за сложени активности. На пример, играњето со играчки, трчањето и учењето да се фрлаат и ловат топки се клучни активности кои помагаат во развојот на грубата моторика, додека активности, како сликање и работа со градежни блокови, помагаат во развојот на фината моторика. Развојот на моторните способности е поврзан со способноста на детето да учи и да се адаптира на околината.
Развојот на моторните способности е поврзан со способноста на детето да учи и да се адаптира на околината. Овие вештини влијаат на начинот на кој децата комуницираат, како учат нови информации и како ја перципираат и обработуваат средината околу нив. Заостанувањето во психомоторниот развој може негативно да влијае врз академските постигнувања и социјалните односи на детето. Психомоторниот развој е поврзан и со академскиот успех. Децата со развиени моторните вештини често се поуспешни во училишните активности, особено во предмети кои бараат пишување и рачно работење.
