
Етиката како основа на комуникација во процесот на продажба насочен кон потрошувачите
Симоновска,С., 2025, Етиката како основа на комуникација во процесот на продажба насочен кон потрошувачите
Abstract
Магистерската работа се заснова на теорија и истражување, односно на практичниот дел на етиката како основа на комуникацијата во процесот на продажба насочен кон потрошувачите. Посебно e важно да се применува етиката во комуникацијата бидејќи таа е еден од најважните фактори за професионален развој. Краток општ преглед на маркетингот и етиката е основа на магистерската работа, а тоа е маркетингот на личната продажба и етиката при комуникација, како нејзина основа. Личната продажба се однесува на директна комуникација со потрошувачите со цел да се постигне продажба и да се задржи задоволството кај купувачите по продажбата. За да биде успешна личната продажба, продавачот мора да биде свесен дека етиката е основа на комуникацијата во процесот на продажба и дека таа мора да биде дел од секоја фаза во процесот на комуникација. Понатаму, улогата на продавачот во личната продажба е да пронајде клиенти, да ги задржи и да гради долгорочни односи со нив. Продавачот ја исполнува својата улога преку подготовка, составување листи со потенцијални клиенти, зближување со потенцијалните клиенти, презентација и постпродажни активности, кои се дел од процесот на лична продажба. Етиката како основа на комуникацијата најмногу се изразува во четвртата фаза од процесот на лична продажба, а тоа е презентација на производот. Имено, таа е клучна за одлуката на клиентот, а важно е покрај тоа што ќе се презентираат предностите и придобивките за клиентот, да се содржи и етиката како основа на комуникацијата. Во трудот подетално се објаснети етичките проблеми во личната продажба, но се претставени и решенија при лична продажба и пример за етичко работење со примерот на компанијата „Avon“. Етичката комуникација на работното место важи подеднакво за секој работник, без разлика на неговата функција во работната организација. Познавањето на етиката како основа на комуникацијата им помага на луѓето во секојдневните деловни активности да пристапуваат со чесност и почит кон другите учесници во бизнисот. Доброто однесување и етичката комуникација се важни вештини и претставуваат половина од успехот во животот. Тие отвораат многу врати, особено во деловното опкружување. Преку спроведеното истражување, нивото на познавање на етиката се перципира како основа на комуникацијата на процесот на продажба насочен кон потрошувачите. Исто така, запазено е нивото на имплементација на етиката во комуникацијата, а се добива и првична слика за тоа колку испитаниците сметаат дека е важна етиката при комуникацијата во бизнисот. По краткиот теоретски преглед на литературата, истражувањето, анкетниот прашалник и обработката на податоци, ќе бидат донесени конкретни заклучоци поврзани со етиката како основа на комуникацијата. Преплетот на убави облици на однесување, обичаи, традиционални навики, бонтон и етичка комуникација во бизнисот има големо значење како за успехот на компанијата, така и за меѓучовечките односи. Останува на поединецот да одлучи до кој степен е должен да се придржува до нив, или заради себе или заради другите.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
