
Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање
Citation APA 7:
Бошковски, Г. (2019) Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Бошковски, Г., 2019. Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.01.2020 |
Citation APA 7:
Бошковски, Г. (2019) Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Бошковски, Г., 2019. Влијанието на личните карактеристики на лидерот врз процесот на преговарање. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Преговорите се основна форма на комуникација. Луѓето директно или
индиректно секојдневно преговараат, иако понекогаш не се ни свесни за тоа.
Улогата којашто ја имаат лидерите во процесот на преговарање е голема.
Имено, од личните карактеристики на лидерот, т.е. од неговата личност, зависи
успешноста на преговорите, а со самото тоа и успешноста на организацијата која
тој ја застапува.
Целта на истражувањето е да се утврди дали постои поврзаност помеѓу
личносните димензиии кои ги имаат лидерите и стиловите на одлучување, како
одлика на преговарачките стилови на лидерот. Психолошкиот профил на лидерот
и неговите особини влијаат на тоа како тој поединец ќе делува како лидер. Типот
на личноста, но и полот и културата, одлучуваат како лидерот ќе пристапува во
преговарачкиот процес и кон кој стил на преговарање ќе се насочи. За да се
открие поврзаноста, односно да се види дали ќе биде поткрепена научната цел на
овој труд, ќе се спровде анкета за да се измерат димензиите на личностите на
лидерите и стиловите на одлучување кои се застапени кај лидерите.
Примерокот кој е предмет на истражувањето го сочинуваат вкупно 100
испитаници, и тоа државни службеници распоредени на раководитни позиции во
државни институции. За собирање и анализа на потребните податоци се
применети:
– За мерењето на стиловите на одлучување беше користен инвентарот DSI
(Decision Style Inventory), конструиран од авторот Алан Роу, а адаптиран на
македонски јазик од проф. д-р. Е. Сарџоска во 2007 година.
– Димензиите на личноста беа мерени со инвентарот на личност EPQ
(Eysenck Personality Questionaire), кој е дело на сопружниците Сибил и Ханс
Ајзенк. Лојк (Lojk, 1991).
Резултатите од истражувањето покажаа дека дека генералната хипотеза;
Димензиите на личноста на лидерите се поврзани со стиловите на одлучување кај
раководителите во државен сектор е делумно поддржана, односно е потврдена
во седум од дванаесет случаи. Димензиите на личноста на лидерите се поврзани
со стиловите на одлучување кај раководителите во државен сектор.
Добиените резултати се конзистентни со поголем дел од истражувачките
резултати кои се наоѓаат во стручната литература од оваа проблематика.
Keywords:
лидерство, преговарање, психолошки профил на лидерот,
димензии на личноста
