
Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата
Citation APA 7:
Саздова, Д. (2020). Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Саздова, Д., 2020. Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.06.2020 |
Citation APA 7:
Саздова, Д. (2020). Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Саздова, Д., 2020. Родовата еднаквост на работното место и можностите за повисоки остварувања на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија.
Abstract
Во денешно време, иако постојат веќе утврдени законски регулативи и решенија кои ја
адресираат родовата еднаквост и нејзината имплементација во работната средина и
општеството во целина, нивната примена во пракса е далеку од потребното. Менаџментот
на секоја работна организација помалку или повеќе декларативно, а не суштински, работи
на надминување на проблемите во организацијата кои произлегуваат од родовата
нееднаквост. Родовата еднаквост не претставува проблем само на жените, туку
претставува проблем на севкупното општество, имајќи го предвид хуманиот аспект. Со
цел да се надмине овој, но и другите слични проблеми, родовата (не)еднаквост побарува
инволвираност на сите субјекти.
Онаа организација која има за цел инкорпорирање на родовата еднаквост, како и
соодветно поставени критериуми за квалификации и унапредување на сопствениот
персонал, има поголеми шанси за успех на пазарот. На тој начин се обезбедуваат добра
организациска клима и култура во која лојалноста и мотивираноста позитивно влијаат врз
севкупните процеси на организацијата.
За жал родовата еднаквост сè уште претставува тема за длабоки анализи, но и поделби во
општеството, но и во работната организација. Во насока на детерминирање на сите
предизвици со кои се соочува менаџментот на организацијата во имплементацијата на
родовата еднаквост, е создаден овој труд.
Keywords:
родова еднаквост, дискриминација, менаџмент, работна организација, родов јаз,
родови политики, законска регулатива, сексуално насилство, мобинг, човекови ресурси.
