
Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование
Citation APA 7:
Јосимовска, Т. (2020). Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јосимовска, Т., 2020. Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.07.2020 |
Citation APA 7:
Јосимовска, Т. (2020). Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јосимовска, Т., 2020. Влијанието на социјалните проблеми врз успехот и поведението кај учениците во основното образование. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Секоја воспитно-образовна институција е потребно да се грижи за
индивидуалниот напредок на учениците, посебно за децата коишто се под
влијание на социјални ризици. Притоа (Filler,2006: 92-96):
• Секоја училишна област мора да обезбеди слободно и соодветно
јавно образование. Притоа, потребно е социјалниот работник, заедно со
останатиот тим во училиштето, да овозможи детето да има достапност до сите
услуги кои се соодветни за да се исполнат неговите образовни потреби.
• Проценките мора да бидат недискриминаторски. Различните
проценки се користат за точно утврдување на подобноста за образовните услуги;
• Ученикот во ризик треба да добие соодветно воспитување и
образование во училница, освен доколку постои оправдување дека истото не би
било соодветно;
• Потребно е да има постојана координација на училиштето со
родителите на ученикот со одредена форма на социјален ризик.
За правилен развој на учениците кои растат во услови на социјален ризик, а
за кои има потенцијал да се вклопат во нормална училишна средина, потребно е
да се иницира на понатамошна инклузија. Еден метод е обратна интеграција,
уште наречена и обратна еднаквост. Тоа значи, овие ученици да бидат исто така
сместени во програма или образовна средина којашто е подготвена за ученици во
социјален ризик. Овој метод е особено признаен од аспект дека на овој начин во
иднина ќе се воспостави подобар взаемен однос помеѓу ученикот кој расте и се
развива во услови на социјален ризик и децата кои потекнуваат од нормални
семејни и воедно социјални односи. Сепак, пред реализација на овие практики,
ученикот мора целосно да го разбере концептот и филозофијата на инклузијата.
Keywords:
проблеми, успех, ученици.
