
Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура
Citation APA 7:
Бојаџиевска-Ѓоргиева, В. (2020). Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Бојаџиевска-Ѓоргиева, В., 2020. Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.07.2020 |
Citation APA 7:
Бојаџиевска-Ѓоргиева, В. (2020). Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Бојаџиевска-Ѓоргиева, В., 2020. Поврзаноста и меѓусебната зависност на лидерството и организациската култура. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Корените на феноменот лидерство (или водство) можaт дa се откријат уште
во нaјрaните човечки општествa – преку племенската заедница, па сѐ до современата
организација во глобализациското општество. Во денешниот современ и динамичен
свет, лидерството (раководството) добива многу димензии, и соодветно на тоа,
постојат различни дефиниции за него. Дефинициите за лидерството се под влијание
на ставовите и гледиштата на разните истражувачи, a различните манифестации на
лидерството зависат од различните културни и историски контексти.
До средината на 1980-тите години, акцентот во дефинициите за лидерство
беше поставен првенствено на процесот на социјалното влијание. Во XX век и
почетокот на XXI век, акцентот се изместува врз визијата на лидерот која се
одредува од цртите, особините, однесувањето, моделите на влијание и дејствување,
улогите на односите, остварување на заеднички цели или следење на лидерската
визија. Современите концепции се фокусираат на емоционалните аспекти на
лидерството.
Големите лидери успеале да ги совладаат и двете одлични вештини – да
управуваат со сегашноста и во исто време да ја создаваат и градат иднината. Тоа го
дефинира лидерството не како „дарба“, туку како „занает“, односно вештина што
може да се научи и потоа да се подобри и усоврши. Ова подобрување се однесува во
подеднаков степен како за личните квалитети на лидерите, така и за одреден модел
на однесување и односи кон луѓето.
Keywords:
Лидерство, менаџмент, лидер, раководител, харизматично лидерство, споделено
лидерство, ополномоштување.
