
Психосоматски симптоми на анксиозност кај адолесценти
Citation APA 7:
Станковиќ, Б. (2020). Психосоматски симптоми на анксиозност кај адолесценти [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Станковиќ, Б., 2020. Психосоматски симптоми на анксиозност кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 09.09.2020 |
Citation APA 7:
Станковиќ, Б. (2020). Психосоматски симптоми на анксиозност кај адолесценти [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Станковиќ, Б., 2020. Психосоматски симптоми на анксиозност кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Психосоматските симптоми ги претставуваат сите оние телесни симптоми
кои се појавуваат под влијание на емоционалните фактори, а вклучуваат еден
органски систем, обично под контрола на автономниот нервен систем. Симптомите
можат да се појават во опсег од еден или повеќе симптоми со помал интензитет, сѐ
до поголем број на поинтензивни симптоми, кои ја нарушуваат секојдневната
животна активност на детето. Психолошките проценки за идентификување на
депресивните симптоми кај децата и адолесцентите укажуваат дека во почетокот на
2016 година, адолесцентите на возраст од 12 до 18 години имале зголемен број на
симптоми и депресивни нарушувања во однос на претходните години 1
. Како
резултат на тоа, неопходно треба да се обезбеди соодветно следење и третман за
адолесцентите, кои се сметаат за ризична група врз основа на психосоматските
симптоми2
.
Во однос на овој проблем, во трудот е спроведено истражување кај 122
адолесценти во Репулбика Македонија, со примена на Прашалникот за
психосоматски симптоми кај деца и адолесценти (PSS)3
. Со собирање, обработка и
анализа на податоците е утврдено дека најголем број од испитуваните адолесценти
во текот на последните три месеци доживеале 6 до 10 симптоми од наведените 35
симптоми, од кои најчест е недостаток на енергија. Исто така, утврдено е дека не
постои поврзаност со полот.
Keywords:
психосоматски симптоми, адолесценти, телесни симптоми
на анксиозност
