Врсничкото насилство во средношколската популација

Citation APA 7:
Кевереска Шапкароска, М. (2019). Врсничкото насилство во средношколската популација [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Кевереска Шапкароска, М., 2019. Врсничкото насилство во средношколската популација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

09.09.2020

Citation APA 7:
Кевереска Шапкароска, М. (2019). Врсничкото насилство во средношколската популација [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Кевереска Шапкароска, М., 2019. Врсничкото насилство во средношколската популација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Слободно може да се каже дека ако човештвото има со што да се „пофали”, особено
во последните децении тоа се агресивноста, насилството, деструкцијата, нетолеранцијата,
омразата и други облици во сферата на квалитетот на интерперсоналните комуникациски
односи. Човештвото во макро и микро контекстуалните односи се соочува со ескалација на
брутални облици во кои владее правилото на доминација на посилниот врз послабиот. Од
тие причини насилството, односно неговата превенција, се поставуваат високо на агендата
на национални приоритети на кои експерти од најразлични области работат за проучување
на факторите за нивна појава и развој, како и за градење на ефикасни модели на превенција
на врсничкото насилство. Токму затоа, основен проблем кој се обработува во трудот е
врсничкото насилство кое најдоминантно се рефлектира во училишниот амбиент. Важноста
и значајноста на темата може да се забележи од неколку нејзини компоненти: зачестени
облици на врсничко насилство и длабоки психолошки последици кои тоа ги остава врз
жртвата; стигматизацијата на овој феномен; односот на општеството, институциите и
поединецот кон врсничко насилство; начините на нивната превенција и друго.
Контраверзноста на појавата на врсничкото насилство можеме да ја забележиме најмногу
поради тоа што не постои доволна „храброст“ од засегнатите, посебно од жртвите, јасно и
недвосмислено да се артикулира и адресира виновникот/сторителот, а пред сè, поради
постоење на голем број психолошки причини (страв, неизвесност, несигурност, очај,
песимизам и друго). Суштински аргументи за проучување на овој проблем, односно,
врсничкото насилство е неговата масовна појава која има свој интензитет и е забележителна
во училишните клупи, училишниот амбиент и средина каде секојдневно се трауматизираат
голем број ученици кои доживуваат и преживуваат насилство. Овие ургентни сигнални
кодови ги алармираат надлежните и релевантните институции, организации и поединци што
побрзо да ги декодираат нивните суштински пораки и да преземат соодветни мерки за
зачувување и унапредување на физичкото и менталното здравје на учениците.
Сметаме дека истражувачките резултати ќе покажат во која насока треба да се движат
идните интервенции на релевантните институции и субјекти. Очекуваме објективноста на
одговорите на младите да претстават јасна слика за состојбите, но во исто време да дадат
свои видувања за насоките кон кои треба да се движат промените посебно во образовните
институции.

Keywords:

насилство, средношколци, депресија.