
Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање
Citation APA 7:
Стаменковска, И. (2020). Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стаменковска, И., 2020. Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.06.2020 |
Citation APA 7:
Стаменковска, И. (2020). Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стаменковска, И., 2020. Менаџмент и развој на човечките ресурси во организации со меѓународно работно ангажирање. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.
Abstract
Во современите отворени општества расте бројот на организации кои се
одлучуваат да ангажираат работници и од други земји. Во овие организации, кај
менаџментот на човечките ресурси се јавува потреба од прилагодување на одредени
процеси во менаџирањето. Суштината на менаџирањето на човечки ресурси, како збир
од организациски активности чија цел е привлекување, развој и задржување на
ефективна работна сила, побарува помали или поголеми промени во самите
организациски процеси.
Во трудов посебно внимание се посветува на процесите на развој на човечките
ресурси. Некои од овие процеси како: планирање, спроведување и евалуација на обуки,
развој на кариера, развој на менаџмент, подобрување на перформансите, постоеле уште
од времето кога се појавиле првите вработувања. Одтогаш наваму, тие постојано се
подобруваат и унапредуваат, а денес тие претставуваат многу сложена и корисна
функција на менаџментот на организацијата.
Менаџментот на Развој на Човечките Ресурси е посебна гранка на Менаџментот
на Човечките Ресурси и е задолжен за откривање на потребите за тренинг на вработените
во согласност со потребите за развој и напредок на организацијата. Менаџментот на
Развој на Човечките Ресурси не се фокусира само на зголемена ефикасност на
вработените, туку има за цел и подобрување на мотивацијата за само-подобрување на
самите вработени. Тој се стреми кон создавање на култура на ефикасност, со што ја
менува и свеста кај вработените. Идеите кои вработените од други земји ги носат со себе
и ги споделуваат со своите нови колеги на формален или неформален начин, ја прават
програмата за обуки уште поразновидна, а самата организација станува чекор поблиску
до остварување на своите цели.
Во овој труд преку теоретско и емпириско истражување потврдуваме дека
присуството на меѓународно ангажирани вработени позитивно влијае врз развојот на
вработените во организациите, а со самото тоа и врз подобрување на перформансите и
развојот на организација.
Keywords:
развој на човечки ресурси, обука, тренинг, меѓународно ангажирани
вработени, развој, перформанса
