
Истражување на несреќи при работа
Citation APA 7:
Антовска, Е. (2019). Истражување на несреќи при работа [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“]
Citation Harvard:
Антовска, Е., 2019. Истражување на несреќи при работа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.09.2020 |
Citation APA 7:
Антовска, Е. (2019). Истражување на несреќи при работа [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“]
Citation Harvard:
Антовска, Е., 2019. Истражување на несреќи при работа. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.
Abstract
Компаниите кои сакаат да се приклучат во предизвиците на сoвремениот пазар на
трудот имаат потреба од оптимални работни текови и ангажирани, компетентни и здрави
вработени. Модерната заштита при работа е повеќе од инструмент за избегнување на
несреќите на работното место и професионалните заболувања. Консеквентната безбедност
при работа бара здрави работни места, го зголемува квалитетот на работата и со тоа
обезбедува успех на компанијата.
Притоа многу важен инструмент е проценката на ризиците на работното место.
Законот за безбедност и здравје при работа им налага на работодавачите да ги откријат
опасностите кои се поврзани со работата, истите да ги проценат и да утврдат соодветни
мерки.
Важен показател за професионалниот ризик се и повредите на работното место и
професионалните болести, кои во многу земји претставуваат значаен проблем како за
работникот така и за работодавачите и државата. Во таа смисла, цел ни е анализата на
повредите на работното место, како основа за квалитетна проценка на професионалниот
ризик. За да се постигне тоа, неопходно е да се утврдат опасностите и штетностите на
работното место од една страна и тежината на можните последици.
Бројот на повреди на работното место регистрирани во одделни временски периоди
укажува на значењето и големината на проблемот. Заради тоа, статистиката на повредите на
работното место е повеќе од потребна за образложување на реалните проблеми за
спречување на повреди, како и за дополнителна контрола на ефикасноста на преземените
мерки за спречување на повторно настанување на повреда на работното место.
Главната поента на овој труд, а тоа е дека безбедноста и здравјето при работа, во
денешно време, секако е едно од најважните прашања со кои се соочуваат компаниите, а
целта на безбедноста и здравјето при работа е да се постигне максимално ниво на
психофизичка и здравствена заштита.
Keywords:
Безбедност и здравје при работа, повреди на работно место, истражување
на несреќи при работа,работници
