Проектирање и управување со системи за третман на отпад

Citation APA 7:
Дурписки, М. (2020). Проектирање и управување со системи за третман на отпад [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Дурписки, М., 2020. Проектирање и управување со системи за третман на отпад. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

30.09.2020

Citation APA 7:
Дурписки, М. (2020). Проектирање и управување со системи за третман на отпад [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Дурписки, М., 2020. Проектирање и управување со системи за третман на отпад. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Загадувањето на животната средина претставува голем проблем што директно се
поврзува со брзата индустријализација, урбанизација, но и со растот на животниот
стандард на луѓето. Со зголемувањето на количествата комунален отпад, и притисокот што
тој го има врз животната средина, се наметнува потребата за воведување напреден систем
за ефикасно управување со комуналниот отпад.
Собирањето, транспортот, третманот и отстранувањето на комуналниот отпад, а
особено кога тој е создаден во поголемите населени места, станува релативно тежок
проблем за решавање.
Важен придонес кон намалувањето на тешкотиите поврзани со управувањето со
отпадот претставува обезбедувањето на сигурни и корисни информации за стручните лица
кои се справуваат со оваа проблематика, што е особено важно за земјите во
развој/транзиција.
Сознанијата и показателите во последниве децении укажуваат на фактот што постои
нарушување на рамнотежата на атмосферата на планетата Земја.
Се одвиваат појави што тешко се контролираат, се испуштаат големи количини
загадувачки супстанции, појава на ефект на стаклена градина, оштетување на озонската
обвивка, се зголемуваат емисиите на загадувачките супстанци што даваат ефект на
закиселување и ја разрушуваат биосферата, делуваат на почвата и др. Ова се ефектите од
пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата и останатите активности
диктирани од современиот живот на човекот.
Сѐ почеста е појавата на природни катастрофи, земјотреси, вулкански ерупции, како
и катастрофи што се предизвикани од човечкиот фактор, како истекување и горење на
големи количини нафта, индустриски несреќи со емисии на отровни супстанции во
воздухот, шумски пожари и др.
Ова се рефлектира и на процесите што се одвиваат во атмосферата, односно во
тропосферата и стратосферата.
За надминување на оваа ситуација, потребно е да се обрне внимание на употребата
на технологии за искористување на материјалот и енергијата од комуналниот отпад, како
Магистерски труд
што се: анаеробна дигестија, гасификација, пиролиза и согорување. Овие технологии
овозможуваат намалување на волуменот на отпадот, како и обновување на материјали и
енергија. Во овој труд е пресметан енергетскиот потенцијал на отпадот за три технологии и
направена е компаративна анализа за можните локации во Македонија и во светот.
Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво,
меѓународната заедница се ангажира во преземање мерки за подобрување на состојбата,
особено на квалитетот на воздухот. Затоа, Обединетите Нации се иницијатори на
спроведувањето на барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на
аерозагадувањето и протоколите кон неа, Рамковната конвенција за климатски промени и
протоколот од Кјото. Воедно, и самите земји донесуваат низа законски акти со коишто
треба да се постигне имплементирање на акции за подобрување на квалитетот на воздухот

Keywords:

комунален отпад, животна средина, загадување, индустрија,
технологија, согорување, гасификација