
Истражување за односот на цртите на личноста од спектарот на темната тријада и афективната партнерска приврзаност
Citation APA 7:
Јовановски, Д. (2020). Истражување за односот на цртите на личноста од спектарот на темната тријада и афективната партнерска приврзаност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јовановски, Д., 2020. Истражување за односот на цртите на личноста од спектарот на темната тријада и афективната партнерска приврзаност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.10.2020 |
Citation APA 7:
Јовановски, Д. (2020). Истражување за односот на цртите на личноста од спектарот на темната тријада и афективната партнерска приврзаност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јовановски, Д., 2020. Истражување за односот на цртите на личноста од спектарот на темната тријада и афективната партнерска приврзаност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Oсновата на овој труд е поврзувањето на два различни психолошки концепти
како што се афективната приврзаност со нејзината специфичност изразена преку
партнерските блиски врски и особините на личноста изразени преку темните црти
на личноста. За разлика од концептот афективна приврзаност кој е присутен во
литературата од седумдесетите години на прошлиот век, концепотот темна тријада е
од почетокот на дваесетиот век и размерно е од понов датум и сеуште не е доволно
истражен. Целта ни е да ја потврдиме поврзаноста на стиловите на партнерската
приврзаност со темните црти на личноста. Во истражувањето учествуваа 140
испитаници кои успешно ги пополнаа прашалниците за искуствата во блиските
врски и прашалникот на темната тријада. Податоците се добиени со методата
хартијамолив и он – лине преку социјалната мрежа facebook. Спроведените
статистички анализи ни покажаа дека темните особини се најмалку изразени кај
испитаниците со сигурниот стил на афективната партнерска приврзаност кај кои се
дефинирани со позитивна слика за себе(ниска анксиозност) и позитивна слика за
другите(ниско одбегнување) кои се основа за изградба на квалитетни партнерски
односи со доверба и стабилност,додека најголема изразеност на темните особини
има кај испитаниците со дезорганизиран стил кои се дефинирани со негативна слика
за себе (висока анксиозност) и негативна слика за другите ( високо одбегнување) кај
кои постои голема зависност од своите партнери и во исто време и страв од таа
зависност, односно блискот поради можноста да ги откријат своите негативноси и со
тоа да бидат напуштени и оставени сами.
Keywords:
Афективна приврзаност, темна тријада- особини,
макијавелизам, нарцизам, психопатија
