Влијание на управувањето со човечки ресурси врз одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор

Citation APA 7:
Караколев, Н. (2020). Влијание на управувањето со човечки ресурси врз одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Караколев, Н., 2020. Влијание на управувањето со човечки ресурси врз одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

22.10.2020

Citation APA 7:
Караколев, Н. (2020). Влијание на управувањето со човечки ресурси врз одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Караколев, Н., 2020. Влијание на управувањето со човечки ресурси врз одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништво.

Abstract

Опстанокот и просперитетот на организациите зависи од вработените, кои треба да се однесуваат како добри граѓани, преку ангажирање во различни позитивни однесувања. Одговорното организациско однесување е една од најшироко проучуваните теми во истражувањата на организациското однесување. Досегашните истражувања покажуваат дека најважна улога во стимулирањето на одговорното организациско однесување кај вработените играат практиките на управувањето со човечки ресурси. Во нашата земја, конкретно во јавниот сектор, постои недостаток на истражувања за влијанието на практиките на УЧР врз одговорното организациско однесување. Целта на овој труд е да се испитаат разликите помеѓу организациите чии вработени покажуваат различно ниво на одговорно организациско однесување, во однос на степенот на примена на практиките на управување со човечки ресурси, како и насоката на поврзаност на практиките на управување со човечки ресурси со одговорното организациско однесување на вработените. Примерокот го сочинуваат 80 вработени во организациите од јавниот сектор, поделени во две групи од по 40 испитаници со различно ниво на одговорно организациско однесување. Од мерни инструменти се користени: Прашалник за практики на управување со човечки ресурси и Прашалник за одговорно организациско однесување. Резултатите покажаа статистички значајни разлики во степенот на примена на практиките на управување со човечки ресурси помеѓу организациите чии вработени манифестираат различно ниво на одговорно организациско однесување, како и позитивна поврзаност помеѓу практиките на управување со човечки ресурси и одговорното организациско однесување кај вработените во јавниот сектор. Добиените резултати од ова истражување се конзистентни со резултатите од други истражувања, достапни во стручната литература.

Keywords:

организација, јавен сектор, практики на управување со човечки
ресурси, одговорно организациско однесување